ПОВЕЌЕ

    Бугарија го воведува еврото за две години

    Време зa читање: 2 минути

    Бугарската влада во петокот го одобри планот за приклучување кон еврозоната на 1 јануари 2024 година, и покрај загриженоста во владејачката коалиција поради недостатокот на детална анализа за економското влијание на потегот. Политичките неизвесности и спроведувањето на три избори минатата година го одложија планот, кој беше изготвен откако Бугарија и Хрватска се приклучија на Европскиот механизам за девизен курс, ЕРМ-2, во 2020 година, задолжителна фаза од пристапувањето во еврозоната.

    Најсиромашната членка на Европската унија, која веќе го врзува својот лев со еврото, вети дека ќе усвои единствена валута во 2024 година по сегашниот фиксен девизен курс. „Бугарија, де факто, веќе го усвои еврото преку аранжман на валутен одбор. Поради фиксното поврзување, на пример, ако сакаме да ги зголемиме каматните стапки, не можеме да го направиме тоа“, изјави министерот за финансии Асен Василев за новинарите, пренесе Ројтерс.

    „Планот им дава јасна временска рамка на банките и другите платежни институции за тоа како ќе се усвои еврото. Тоа е само првиот технички чекор“, рече тој.

    Министерот за финансии Василев рече дека допрва треба да се одржи јавна дебата, како и расправа во парламентот за одобрување законски измени. Бугарија, која допрва треба да покаже опипливи резултати во борбата против корупцијата, може да се соочи и со предизвици во исполнувањето на номиналните критериуми за пристапување во еврото област.

    Таа е една од најмалку задолжените земји во ЕУ и има фискален дефицит од околу три отсто од 2020 година, додека растот на цените на енергијата и храната ја турна годишната инфлација на 14,4 отсто во април, што е највисоко ниво од 2008 година.

    Предд две недели, со одлука на хрватскиот Сабор, еврото треба да стане официјална валута и во Хрватска и тоа од 1 јануари следната година, а пред целосно да ја замени куната, од 5 септември цените би биле изразени во двојна, во куни и евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично