
Генералната рамка на Буџетот за 2026 година е раст од 3,8%, и инфлација од 2,5% и таа е поурамнотежена. Скратувањето на преамбициозни капитални расходи е „трезвен“ потег со новиот буџет. Ризикот, според професорот Марјан Петрески кој гостува во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, е на страната на приходите. Ако планот се темели на преценети проекции, може да влијае на поголем буџетски дефицит. Пораката е: Да се направи консолидација, но да се внимава од каде и како се полни буџетот како и да не се претвораат капиталните во тековни трошоци.
„Позитивно е што проекциите врз кои што се заснова во делот на растот и на инфлацијата, значи номиналниот раст на економијата, мислам дека е поставен реалистично. Меѓутоа во делот на приходите, она што веројатно ќе биде, веројатно остварување на приходите во однос на проектирањето, мислам дека ќе биде пониско, нешто слично како што гледаме годинава. Реков на почетокот, иако на прв поглед намалување на капиталните инвестиции звучи лошо, но во случајов ние имаме намалување во однос на нереално проектирање.
Ако гледаме дека капиталните инвестиции се се уште нешто над она што претставува реален капацитет за реализација во оваа економија, тогаш мислам дека тоа намалување е позитивно…“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè
Аналитика








