ПОВЕЌЕ

    Брзи, сигурни, одговорни: новата формула на финансискиот сектор

    Време зa читање: 2 минути

    Финансиската индустрија минува низ најголемата трансформација досега. Дигитализацијата веќе не е избор,  туку нужност. Но, во свет каде сè станува автоматизирано, вистинската битка не се води за технологија, туку за доверба.

    „Иднината на финансискиот сектор ја гледам во комбинација од дигитализација, персонализирани услуги и ESG стандарди,“ вели Горан Арсов, ко-сопственик на Flex Group, компанија што веќе неколку години се издвојува како пример за тоа како технологијата може да ја засили, а не да ја замени човечката врска.

    Кога финтек станува фер-тек

    Клиентите денес бараат сè: брзина, сигурност, флексибилност, но и чувство дека компаниите со кои соработуваат делат исти вредности. Flex Group токму таму ја гледа својата предност. „Подготвуваме нови дигитални алатки кои ќе овозможат полесно управување со кредити, целосна транспарентност и мобилни услуги за брзо плаќање,“ вели Арсов.

    Платформата Flex Pay веќе е конкретен пример за финтек решенија што носат вистинска вредност за клиентите. Со неа, дигиталните трансакции стануваат побрзи, поедноставни и побезбедни, но не и безлични. „Автоматизацијата никогаш не смее целосно да ги исклучи разбирањето и поддршката што произлегуваат од контакт со човек,“ додава Арсов.

    Регулација, транспарентност и фер конкуренција

    Според него, пазарот сè повеќе се прочистува од краткорочни играчи без визија, додека институциите создаваат фер услови за оние што градат доверба. „Веќе се донесени редица мерки и правилници со чија примена сериозните компании добиваат простор да растат, а несериозните постепено исчезнуваат од пазарот,“ истакнува тој.

    Иднината: технологија со човечко лице

    Flex Group го докажува токму тоа , дека модерното и одговорното можат да одат рака под рака. „Верувам дека комбинацијата од технологија, персонализација и одговорност ќе стане нов стандард,“ заклучува Арсов. „Нашата обврска е постојано да бидеме чекор пред времето и да покажеме дека финансиските услуги можат да бидат и модерни, и фер, и општествено одговорни.“

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично