ПОВЕЌЕ

    British Airways планира да им даде отказ на 12.000 вработени

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во соопштението на шпанската групација „IAG“ која е сопственик на „British Airways“ се вели дека во рамките на новото реструктуирање што ќе се спроведе во компаниите од групацијата, се планира од British Airways да бидат отпуштени 12.000 вработени.

    Во соопштението се вели дека додека минатата година групацијата „IAG“ имала оперативен профит од 123 милиони евра, додека во првиот квартал од оваа година има загуба од 535 милиони евра.

    Покрај тоа се вели дека пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) негативно влијаела врз побарувачката за патувања, додавајќи дека за да се вратат на нивото од 2019 година ќе бидат потребни неколку години.

    „British Airways“ која има приближно 45.000 вработени, претходно искористувајќи ја програмата за поддршка на плати на британската влада, на принуден одмор испрати 22.626 вработени.

    Во составот на групацијата „IAG“, покрај „British Airways“ се наоѓаат и други авикомпании како што се „Иберија“, „Еар Лингас“, „Еар Лингас Риџинал“, „Ибериа Риџинал“, „Иберија Експрес“, „БА Сити Флаер“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично