Британската економија порасна во јули за 6,6 проценти во споредба со претходниот месец, според бројките објавени денес. Растот беше во голема мера поради понатамошно укинување на ограничувањата во услужниот сектор, пред се, повторно отворање на пабови, барови и ресторани, пренесува Ројтерс.
Во истражувањето на британската агенција, економистите предвидоа раст на бруто домашниот производ во јули од 6,7 проценти. Сепак, вкупното британско производство е сè уште помало за 11,7 проценти во споредба со нивото во февруари, пред избувнувањето на вирусот во Велика Британија.
„Иако продолжи да се опоравува стабилно, британската економија сè уште мора да надомести скоро половина од вкупната загуба на БДП забележана од почетокот на пандемијата“, рече Дарен Морган од британското Национално биро за статистика (ОНС).
Фунтата падна во однос на доларот, бидејќи статистичките податоци покажуваат дека производството во доминантниот сектор на услуги е нешто послабо од очекуваното.
Имено, услужниот сектор се зголеми за 6,1 процент во јули, во споредба со очекуваниот раст од 7,0 проценти.
Растот во многу помалите сектори на производство и градежништво ги надмина предвидувањата, забележува Ројтерс, без да даде конкретни податоци.