ПОВЕЌЕ

    Британец треба да плати 571 милиони долари за кражба на биткоин

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бенџамин Рејнолдс, британски државјанин е обвинет за измама во која добил над 20.000 биткоини. Според наредбата на федералниот суд во Менхетен, Рејнолдс доби парична казна од 429 милиони долари и скоро 143 милиони долари враќање на штетата, пренесува Блумберг.

    Имено, Државната комисија за трговска размена на стоки (CFTC) во тужбата наведува дека Рејнолдс, во текот на 2017 година, побарал биткоин од луѓето што им кажувал дека ќе го тргува во нивно име за да ги зголеми нивните профити. Измамата фати повеќе од 1.000 луѓе ширум светот, така што Рејнолдс доби околу 143 милиони долари биткоини, што секако не тргуваше со него.

    Американските власти не знаат каде е Рејнолдс и се тврди дека тој не одговорил на тужбата. Жртвите на измама се предупредуваат однапред дека налозите за враќање во штета не можат да резултираат со враќање на украдени пари, бидејќи обвинетите можеби немаат доволно средства за плаќање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично