ПОВЕЌЕ

    Брисел се подготвува да ја удри Русија со „паметни санкции“ за увозот на нафта

    Време зa читање: 3 минути

    Европската унија подготвува „паметни санкции“ против увозот на руска нафта, објави „Тајмс“ на 25-ти април, цитирајќи го извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис. „Работиме на шестиот пакет санкции и едно од прашањата што ги разгледуваме е некаква форма на ембарго за нафта. Кога воведуваме санкции, треба да го правиме тоа на начин што ќе го максимизира притисокот врз Русија, додека ја минимизираме колатералната штета врз нас самите“, изјави Домбровскис за Тајмс.

    Тој рече дека сè уште не се договорени прецизни детали за нафтените санкции, но тие може да вклучуваат постепено укинување на руската нафта или воведување царини за извозот над одредена ценовна граница, објави весникот. Русија е најголемиот снабдувач на нафта во Европа, обезбедувајќи 26% од увезената нафта од ЕУ во 2020 година. Европа добива приближно една третина од својата бруто достапна енергија од нафта и нафтени деривати, во секторите од транспорт до производство на хемикалии.

    Украина и некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги Полска и Литванија, сакаат забрана на руската нафта и гас, додека Германија и Унгарија се против итно ембарго за нафта. „Најдобриот исход за Комисијата се најстрогите можни санкции. Сепак, нема смисла да предлагаме нешто што нема да добие поддршка“, рече Вера Јурова, потпретседател на Европската комисија задолжена за правда.

    Италија, која претходно се спротивстави на итен прекин на испораките на руски гас, сега бара ограничување на неговата цена, за која Рим верува дека ќе ја лиши Москва од некои од нејзините ресурси.

    Нафтата и нафтените производи сочинуваа повеќе од една третина од извозните приходи на Москва минатата година. Во моментов, Европа троши околу 450 милиони долари дневно на руска сурова нафта и рафинирани производи, околу 400 милиони долари дневно за гас и приближно 25 милиони долари за јаглен, според тинк-тенк Бригел.

    Надвор од ембаргото за нафта, шесте пакет санкции на ЕУ се очекува да го таргетира и банкарскиот сектор на Русија, вклучително и најголемата банка во земјата, Сбербанк, рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

    ЕУ досега ја поштедуваше Сбербанк од претходните кругови на санкции бидејќи таа, заедно со Гаспромбанк, е еден од главните канали за плаќање на руската нафта и гас, кои земјите од ЕУ ги купуваа и покрај конфликтот во Украина.

    Како што посочи Журова, санкциите од банкарскиот сектор најверојатно ќе бидат прифатени бидејќи има знаци на консензус меѓу земјите на ЕУ. Нема доволно поддршка од земјите-членки на ЕУ за целосно ембарго или казнени тарифи за увоз на руска нафта и гас, изјави првиот дипломат на ЕУ Жозеп Борел, цитиран од германскиот весник „Ди Велт“ во понеделникот. „Во моментов, ние во ЕУ немаме единствен став за ова прашање“, рече Борел за весникот.

    Борел рече дека оваа тема ќе се разговара на следниот самит на ЕУ што треба да се одржи на крајот на следниот месец и дека не очекува никаква одлука за ова прашање пред тоа. „Конечниот предлог за ембарго на нафта и гас сè уште не е на маса“, рече тој. Комисијата на ЕУ најверојатно ќе даде предлози за шестиот пакет санкции до земјите-членки оваа недела, соопшти Die Welt, без да наведе извори.

    Сите земји на ЕУ работат на намалување на зависноста од руската нафта и гас, рече Борел, додавајќи дека верува оти блокот на крајот ќе може да ја намали својата зависност.

    „Во одреден момент тоа ќе се случи и тогаш Русија болно ќе почувствува дека приходите од бизнисот со нафта и гас се губат“, додаде тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично