ПОВЕЌЕ

    Браќата Кутрески ќе добијат дел од нераспределената добивка за 2008 година

    Време зa читање: 2 минути

    Од нераспределената добивка за 2008 година, вториот и третиот извршен директор на Пекабеско, секој посебно, ќе добијат дел од над 111 илјади евра. Со овој предлог, даден од акционер коj поседува повеќе од пет проценти од акциите со право на глас, ќе се дополни дневниот ред на акционерското Собрание закажано за 28 мај.

    Во предлог-одлуката е наведено дека се определува учеството на двајцата извршни директори во добивката на компанијата со бруто-износи од по 6.844.444 денари. Сумите ќе бидат исплатени од нераспределената добивка од 2008 година.

    Со производителот на сувомесни производи и воедно дистрибутер на храна и цигари, Пекабеско, раководи Слободан Кутревски како прв извршен директор и синовите Анатол и Марко Кутревски, кој е и претседател на Одборот на директори. Во управувачкиот тим се и неизвршните членови Миле Бановиќ и Славчо Шушлевски, независниот член Верица Бошковска, како и Роберт Богатинов.

    Минатата година компанијата имаше приходи од 97 милиони евра и добивка од 2,9 милиони евра. Освен на домашниот пазар, производите ги извезува во земјите од регионот – Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, но и на европските пазари. Од 2018 година Пекабеско е на листата одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично