Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците.
Наградата најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка ја доби Бојан Штерјовски, раководител на одделот за работа со население.
Тој за поралот Пари вели дека признанието најдобар банкарски службеник го доживува како верификација на неговата досегашна ангажираност и достигнувања.
–Оваа награда не само што охрабрува, туку и обврзува на поголема посветеност, надрадба на способностите, одржување на квалитетот и уште подобри резултати со цел да создадеме позитивни и одржливи резултати.Секој успех е резултат на заеднички труд, и верувам дека со секоја нова цел, заедно ќе постигнеме уште поголеми работи – потенцира Штерјовски.