ПОВЕЌЕ

    Бочварски: Создаваме услови за континуитет на градежната експанзија во земјата

    Време зa читање: 2 минути

    Развојот на градежниот сектор е од особено значање за развојот на државата, особено што поддржува други 25 стопански гранки. И визијата за европска и просперитетна Македонија со модерна и квалитетна инфраструктура е невозможна без соработка и поддршка од стручната и академската фела, е дел од ставовите кои министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги изнесе во обраќањето на 20. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија.

    Големо е значењето на стручната јавност во креирањето модерна и квалитетна инфраструктура, а со примена на нови стандардизирани норми и методи.

    „Повеќе од четири децении постоење на ова Друштво е само по себе показател колку е значајна нашата професија. И јас сум дел од оваа струка и знам колкав е придонесот во создавањето на трајни вредности во општеството. Затоа, нашите програмски цели се да создаваме услови на континуитет на градежната експанзија во земјата, но притоа мора да понудиме нови знаења, нови стандардизирани норми и методи кои ќе ги прилагодиме во домашната легислатива“, нагласи Бочварски.

    Притоа, укажа дека сега се реализира најголемата инвестициска политика во изградба и модернизација на инфраструктурата. А, во тек е и „најголемата реформата во градежната дејност, преку која обезбедуваме високо ниво на професионалност и стандардизација на прописите и нормите“, рече министерот, кој ја акцентираше важноста на еврокодовите како нови правила за работа во градежниот. Нивната примена е планирана за септември идната година.

    Во ресорното Министерството за транспорт и врски, пак, се одвива последната фаза од изработката на нов закон за градење, со кој ќе се обезбеди развој на градежната дејност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично