ПОВЕЌЕ

    Бочварски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен според најдобрите решенија на експертите

    Време зa читање: 2 минути

    Експертскиот извештајот за автопатот Кичево-Охрид, од кој зависи дали изградбата ќе продолжи со кинески „Синохидро“ или со друга компанија е во изработка, а министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, го очекува во текот на неделава.

    „Очекувам во текот на оваа недела да биде доставен од страна на надзорниот орган и од страна на експертите до ЈПДП и до Министерството, по што ќе побараме да биде разгледан на седница на Влада. Оттаму, сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата. Ќе ја презентираме целата моментална состојба, но таа презентација и идните чекори треба да дојдат од експертите кои ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија, со цел овој автопат да биде завршен“, изјави Бочварски, по увидот на изградбата на браната Отиња кај Штип. Воедно, нагласи – „автопатот ќе биде завршен, но мораме да ги запазиме сите процедури“.

    Се уште не може да се зборува за раскинување на договорот и не може да се зборува за идните чекори се додека извештајот не биде разгледан и додека Владата не донесе одлука, посочи министерот, како одговор на прашањето колкави би биле финансиските пенали кои државата би ги платила доколку се раскине договорот.

    Инаку, на автопатот се работи.

    „Изведувачите имаат обврска да работат на секоја позиција каде што е отворен фронт за работа. Но, онаму каде што се јавиле потешкотии, свлечишта, одредени потешкотии во однос на проектната документација и техничките решенија, таму секако треба да се репроектира, да се дадат нови технички решенија и притоа да се даде налог за работа на изведувачите“, наведе Бочварски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично