ПОВЕЌЕ

    БЛАЗЕ СИ ИМ ВО РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА – ПРОСЕЧНА БРУТО ПЛАТА Е 111.918 денари!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во Регулаторната комисија за енергетика има висококвалификуван кадар кој квалитетно се вреднува. Извештајот на Регулаторната комисија за енергетика  покажува дека на 31.12.2022 година имало 41 вработен, од кои седуммина се членови на Регулаторната комисија за енергетика, 32 лица се во стручните и административните служби и двајца се вработени како помошно-технички персонал. За нивните плати и надоместоци, минатата година се исплатени 55.064.106   денари, што значи дека просечната бруто плата била 111.918 денари. Интересен е податокот дека, сепак, за плати и надоместоци лани било исплатено за 7 проценти помалку од планираното.

    Лани РКЕ исплатила и 2,9 милиони денари за дневници и службени патувања, како и  3,4 милиони денари за интелектуални и други услуги.

    Вкупните наплатени приходи на Регулаторната комисија за енергетика за периодот 1. 1 – 31.12.2022 година изнесуваат 120.800.250 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично