ПОВЕЌЕ

    Блекстоун стана најголемиот сопственик на магацини во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Блекстоун, најголемата светска компанија за приватен капитал, инвестираше во речиси секој сегмент од глобалната економија: биомедицински истражувања, дигитални плаќања, електрани, синџири на мотели, па дури и апликации за запознавање и забавни паркови како Леголенд. Сега таа го сврте вниманието кон магацините.

    Кен Каплан, директор за недвижен имот во компанијата, во 2019 година рече дека магацините се најважното прашање кога станува збор за инвестиции, особено откако приватниот капитален гигант инвестираше 18,7 милијарди долари за купување на 179 милиони квадратни метри простор за складирање, пренесува сајтот Planet Crypto.

    Оттогаш, Блекстоун не престана да инвестира. До крајот на 2020 година, компанијата купи околу 1,2 милијарди квадратни метри „недвижен имот наменет за логистика“, со што стана сопственик на најголемиот број магацини во светот.

    Со ова купување, Блекстоун се обложува на иднината на е-бизнисот. Колку повеќе се потпираме на онлајн купувањето, толку повеќе стоки ќе бидат пакувани, складирани, транспортирани и вратени во магацини. Затоа, трговецот за е-трговија со најголем број магацини ќе биде најдобро позициониран и ќе може да го намали времето за испорака од неколку дена на неколку часа и ќе има значителна предност во однос на конкуренцијата.

    Целта на Блекстоун е да изнајмува простор за складирање на такви компании. Со издавање на магацини на компанијата која нуди најмногу, заработката на овој гигант ќе расте како што економијата се повеќе се движи кон Интернет. Се предвидува дека светот ќе потроши 4,2 илјади милијарди долари за е-трговија оваа година.

    До 2025 година, секторот ќе заработи повеќе од 10 илјади милијарди долари.

    Причината за ваквите предвидувања се два нови тренда – пандемијата наведува сè повеќе луѓе да купуваат преку Интернет, а нарушувањето во синџирите на снабдување доведе до недостиг на залихи.

    Благодарение на овие трендови, апсорпцијата на капиталот во логистичкиот сектор, кој ги опфаќа магацините, достигна рекордно високо ниво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично