ПОВЕЌЕ

    БИЗНИС-АНГЕЛИТЕ ПРВО ВЕРУВААТ, ПА ПОТОА ЗАРАБОТУВААТ – Гого Рафајловски во New Biz Podcast

    Време зa читање: 10 минути

    Гого Рафајловски од Zephyr Angels има над 15 години искуство во управување со старт-ап центри, инкубатори и технолошки паркови, има менторирано над 100 старт-апи, со посебен фокус на технологија и брендови. Zephyr Angels не инвестира само во иднината – инвестира и во идните инвеститори. Главно инвестирциите се движат помеѓу 20.000 и 60.000 евра во претежно pre-seed и seed договори. Рафајловски вели дека покрај финансиски средства, тие се подготвени да ја споделат нивната експертиза и контакти со стартапите во кои инвестираат. Во оваа епизода на New Biz Podcast, Наташа Велковска со Гого Рафајловски откриваат како се поврзуваат старт-апи што бараат финансии и инвеститори што бараат добри идеи – и што треба да знаете ако сте на едната или другата страна.

    Според Рафајловски, за да се влезе во програмите на Zephyr Angels, најпрво псотои скрининг и тој скрининг може да е многу лесен или да е многу тежок.

    „Тоа значи дека во повеќето програми потребно е да имаш само идеја или тим за да можеш да почнеш да работиш на својата бизнис идеја. Во некои случаи се бараат многу построги правила, затоа што и програмите се така наменети. Ние викаме дали си во pre-seed или seed фаза или во некоја понапредна, и зависи во која фаза си влегуваш во одредена програма која што е скроена за тебе, за да може да ти помогне да го развиеш бизнисот во таа фаза, во која што си сега. Тоа може да биде pre-seed фаза, каде што немаш многу работи направено, имаш само некое размислување, некој или MVP минимум некој продукт, или пак може да бидат понапредни фази на скалирање, каде што ти веќе имаш поставено продажба, имаш поставено некој метрики, имаш операции, сега ти треба фаза на експанзија или на развој во пазари надвор од Македонија. Така што, јас би рекол, различни програми нудат различни сет на активности за старт-апите“, објаснува Рафајловски.

    Како што вели тој има многу работи кои што треба да има еден старт-ап основач, но една од најглавните работи е истрајноста и упорноста.

    „Нормално, треба да имате добра идеја, треба да имате добар тим и вештини, но најважната работа е како се чувствуваш од внатре. Односно, ние викаме каква е пасијата, твојата пасија за она што што го работиш. Затоа што верувајте, цел сет на активности денес можеш да научиш, можеш да дознаеш, можеш да прочиташ, но пасијата е она што од внатре те води кон некој бизнис и тоа многу тешко се реплицира. А од друга страна, кај луѓето многу добро се познава пасијата, дали некој има пасија за нешто, во случајов за старт-ап бизнис или, пак, нема. Така што пасијата, според мене, е една од главните критериуми на листата“, истакнува Рафајловски.

    Но старт-апскиот живот е стресен, дали тоа значи тоа дека пасијата го компензира стресот, дека задоволството е поголемо од стресот? Рафајловски се согласува дека на сето ова, велејќи дека тоа е така затоа што се нема многу време, ресурси и капитал за да се направи нешто соодветно како што треба, секое движење е брзо. И тоа е она што ги издвојува претприемачите од класичните бизниси. Тој вели дека за да се биде во старт-ап индустријата, треба да си способен карактер.

    „Тоа не значи дека секогаш треба да бидеш под стрес или секогаш треба да носиш одлуки кои што се стресни, но во принцип старт-апите во теорија не треба да постојат. Затоа што нема продукт, нема маркетинг, нема продажба. Се останува на индивидуата или на основачите, на тимот. Тоа подразбира дека треба многу decision making за многу кратко време, но и се прават многу грешки. Работата во старт-ап светот е да учиш од тие грешки, брзо да стануваш и да продолжиш понатаму“, појаснува Рафајловски.

    Едно од прашањата на Наташа Велковска во поткастот беше од каде идејата за Zephyr Angels? Рафајловски вели дека ја размислувале повеќе од 2-3 години наназад, иако Zephyr Angels постои нешто повеќе од 2 години сега.

    „Низ работењето, на помагањето на старт-апи во кариерата, едно од најгорливите прашања во Македонија, но и во регионот и во светот, е како да се најдат пари. Односно, кој ќе може да финансира? Па така во светот постојат повеќе извори на капитал, ние ги викаме ризичен капитал. Ризичен капитал е капитал што влегува во старт-ап и во било кој од фазите. Така што постојат институционални инвеститори, како бизнис инкубатори, акцелератори, постојат и бизнис ангели, кои што нормално го ставаат својот капитал и постојат Виси фондови. Виси фондовите се фактички инвестициски фондови, кои што се специјално наменети да вложуваат во вакви старт-апи, односно ризични бизниси. Потребата тргна токму од тоа, да видиме на кој претприемач во Македонија можеме да им помогнеме и како. Односно, кога работев на една акцелераторска програма, еден од условите кои што го креиравме, e да избегнеме од класичниот шаблон. И си рековме што ако ја свртиме програмата, да речеме, ако влезеш во програмата, имаш обврска да најдеш пари од природни инвеститори. Значи ние ќе дадеме пари како програма, само ако најдеш пари од природни инвеститори. И тогаш се случи нешто неочекувано. Многу од индивидуите, односно лицата што сака да финансираат старт-апи, имале доволно капитал, сакале да вложат во некој старт-ап, но немале доволно ресурси или не знаеле како формално, правно се изведува процесот, и сакале да научат. И тогаш тргнавме во мала едукација, бидејќи ние ja имавме програмата, тие сакаа да вложат во старт-апи, па тргнавме во поход. Се сретнавме со истомисленици, односно еден од моите соосновачи во Zephyr, Игор, кој што го знам од бизнис инкубаторот Битола, јас тогаш бев на страната на поддржувач, а тој беше на страната на старт-ап. И се договоривме на нашите старт-апи да дојдат до капитал, и тоа да го направиме брзо и лесно со исто мисленици како нас. И така се роди идејата фактички за Zephyr Engels“, раскажува Рафајловски.

    И така ја покренале мрежа на бизнис ангели коишто ќе бидат индивидуи како нив, што немаат премногу пари, но имаат доволно за да поддржат некои идеи кои што мислат дека ќе успеат. Така што споиле знањето, нетворкот, ја продискутирале оваа идеја со некои истомисленици и се одлучиле да тргнеме на ваков чекор пред две години, надевајќи се дела ќе продолжи во иднина.

    Кои се пречките во формално-правен процес? Имаме ли законодавство, имаме ли економска клима, имаме ли препознавање од државата на потенцијалот што ваквиот начин на инвестирање го носи? Што ни недостига во таа насока за да имаме повеќе вакви програми?

    „Морам да кажам дека за законодавството секогаш било проблем, но и секогаш не е круцијален проблем. Ние сме во некоја сива зона. Би рекол не дека е забрането, но не е формално регулирано. Што тоа значи? Тоа значи дека ние како Македонија или како мал пазар, и низ текот на годините кои се навраќам, никогаш сме немале идеални услови за финансирање на старт-апи или идеални услови за прибирање на средства од ризичен капитал. Но тоа секогаш постоело. Сегогаш постоеле луѓе кои веруваат во некоја идеја, финансираат на овој или оној начин. Она што државата, според мене, треба да го прави, е да поттикнува, да донес иницијативи, да донесе регулатива. А приватниот сектор треба да си го прави своето. Сега во Македонија може да се основа фирма за едно евро, можеш релативно лесно да започнеш бизнис, имаме релативно лесни даноци, тоа се ниски даноци за потикнување на претприемништвото и тоа е сосема во ред. Можеш да вложуваш како бизнис ангел. Знам дека државата работеше, и јас индивидуално работев на предлог за бизнис ангели, кој што мислам дека е 80-90% завршен, тој можеме за брзо време, доколку одговорните одлучат да го извадат и да се расправа, да биде донесен законот. Ја има иницијативата да го поттикне претприемништото и да го потикне ваквото вложување, да биде тоа на еден организиран начин“, вели Рафајловски.

    Како што вели тој, и денес има неколку инструменти, тоа се equity investment, односно пари за удели, инвеститорите даваат пари, за возврат добиваат удели од старт-апите, подоцна постои конвертибилниот заем, инвеститорот дава заем на компанијата, компанијата има обврска да го врати со класична некоја камата, доколку не се врати заемот, се конвертира во удел, постои и safe agreement, што допрва доаѓа и е многу користено на запад, тоа значи simple agreement for future equity.

    „Тоа на пример значи вака: Јас ти давам пари како инвеститор сега, во некое идно време кога ќе се случат некои работи во бизнисот, дали е влегување на нов инвеститор, дали е некој milestone од продажба, дали е некој настан, кој ќе е позначален и капитален, тогаш ангелите се стекнуват со удели во фирма. Така што законодавството секогаш не ни било силна страна, но и без тоа работите се движат и идат во добра насока“, додава Рафајловски.

    Во однос на ризично инвестирање, ризичен пласман на капиталот – што значи тоа, како се бира кои се високо ризични, ама кој е со најголем потенцијал да го оправда тој ризик?

    Инвестирањето во старт-апи е ризичен бизнис. И тоа го кажуваме и на сите инвеститори, и на сите учесници во екосистемот. Затоа што ако сте инвеститор, вие прво гледате да инвестирате во по-неризична класа на средства. Старт-апите се ризични сами од себе затоа што многу работи се непредвидливи. Времето е непредвидливо, пазарот е непредвидлив, технологијата е непредвидлива, и се што може да тргне наопаку, но сепак ризикот значи и голема награда. Тоа значи дека, вие може да го преземете ризикот, да го менаџирате, но условот за добивање на награда на крајот на денот е исто така голем. Односно имате големи шанси да дуплирате, да тридуплирате, дури во некој случај 10 кратно да ја вратите инвестицијата, токму поради тој ризик. И тој ризик се намалува од неколку аспекти. Дали имаш некое познавање во индустријата, дали како бизнис ангел, да речем, знаеш некои трендови, дали знаеш како се движат работите, дали имаш предвидување или соработки со други чинители на пазарот или конкуренција. И тие ризици ние ги намалуваме. И тогаш ставаме на вага. Дали е вредно да се инвестира во еден старт-ап и колкав е повратот? Но тука секогаш кажувам дека ние ги гледаме само финансиските параметри. Ние секогаш гледаме и да помогнеме на некој старт-ап да стигне во следната фаза. Јас би рекол дека ангелите повеќе веруваат во индивидуите и повеќе веруваат во бизнисот. Профитот им е секундарен затоа што се случува и некој старт-ап да не успее.  И тогаш е во ред, сме се обложиле на некој што не успеал, но затоа и ќе го бараме следниот старт-ап што може да успее за да го направи тој поврат на инвестициите“, истакнува Рафајловски.

    Инаку, како што вели тој, бизнис-ангелите се проактивни инвеститори, затоа што тие имаат и директен мотив на старт-апот да успее.

    „Обично ангелите сакаат да бидат проактивни, и сакаат да бидат вклучени во бизнисот, сакаат да дават стратегиски одлуки, сакаат да отворат врати таму каде што треба, но тоа не значи дека се мешаат во бизнисот. Ние сакаме и тоа да го разграничиме од едукациска компонента. Ние сме некој што инвестираме во бизниси, но воланот го држи претприемачот. Односно автомобилот каде што треба да иде, е на возачот, а возачот е претприемачот. Ние сме само тука да помогнеме, да дадеме правец, да дадеме насоки, но во принцип не сакаме да го земеме воланот во наши раце, укажува Рафајловски.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично