ПОВЕЌЕ

    Битолскиот бизнисмен Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на изборот Мажи на годината за 2023

    Време зa читање: 3 минути

    Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски, ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

    На крајот на секоја година наградите се доделуваат на свечена церемонија во гламурозна атмосфера во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје во присуство на голем број претставници на бизнис секторот, дипломатскиот кор и јавниот живот, кои се собираат за да ги прослават достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на истакнати професионалци.

    Годинава меѓу добитниците е и Христо Кондовски, претставник на младата авангардна бизнис генерација. Неговото име, заедно со името на неговиот бизнис партнер Зоран Пејчиновски, е синоним за успесите на најголемиот осигурителен Брокер во државата, СН Осигурителен Брокер АД Битола.

    Компанијата е дел од пошироката СН Групација во чиј состав успешно функционираат и СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и  Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

    Едно навистина големо корпоративно семејство во постојан развој како резултат на големата визија и исклучителните менаџерски способности на големиот осигурителен професионалец Христо Кондовски, препознат како бизнис икона во Битола.

    Неговите деловни квалификации се и меѓународно препознати па во 2019 година се вбројува во добитниците на меѓународната награда Business elite’s 40 under 40 за Југоисточна Европа.

    Годинава, како награда за исклучителните деловни резултати, доделена му е наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

    “Оваа награда многу ми значи и ја посветувам на моето свето тројство, а тоа е Бог, моето семејство и моите колеги. Но, сакам да ја потенцирам и мојата филозофија за секое признание кое го добивам. Секое признание кое го добиваме е за она што е направено до денес и создава одговорност за она што треба да се прави од утре. Тоа е обврска да продолжиме со нашиот придонес за подобро општество.“-рече Кондовски, заблагодарувајќи се за наградата.

    Инаку, покрај деловниот ангажман Кондовски е и посветен сопруг и татко на три деца. Како член на Ротари, но и преку стратегијата за општествена одговорност на СН Групацијата, во континуитет дава придонес и во заедницата поддржувајќи проекти од областа на образованието, здравството, културата и спортот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично