ПОВЕЌЕ

    Биткоин расте: Една паричка ќе вреди Ламборџини до крајот на годината, а Бугати до 2023 година

    Време зa читање: 2 минути

    Познатата дигитална паричка доживеа вистински бум во кризата во 2020 година, а трендот на напредок на биткоин продолжува и во 2021 година. Причината за тоа се уште се нестабилни финансиски пазари, низ целиот свет, но и се почестото свртување на компаниите кон крипто-валути, како опции за „редовно плаќање“.

    Покрај тоа, централните банки имаат намера да воведат дигитални национални валути, што би одговарало на крипто-валутите, бидејќи се плашат од доминација на овој вид пари. Останува да видиме што ќе се случи со фиат парите, со текот на времето.

    Втората најпопуларна крипто валута, ethereum, исто така напредуваше неодамна и сега вреди дури 2.160 долари, сепак биткоинот останува доминантен со вредност од 60.900 долари.

    Мислам дека реков дека биткоинот оди до бесконечност и некако е тешко да се разбере, затоа што го мерам во долари – рече неодамна Пауел Блумберг, на прашањето да ја предвиди цената на најпознатата криптовалута на крајот на 2021 година.

    Тој додаде дека неговата вредност може да се зголеми од сегашната „цена“ или една паричка за Тесла Модел 3 – на „една паричка за Ламборџини“ до крајот на 2021 година или „една паричка за Бугати“ до 2023 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично