ПОВЕЌЕ

    Фрлил хард диск со Биткон вреден 280 милиони долари

    Време зa читање: 4 минути

    Британец кој случајно исфрли хард диск со огромна количина биткоин на него повторно ги повика локалните градски власти да го пуштат да го бара на депонија.

    Џејмс Хауелс, 35-годишен ИТ-инженер од Њупорт, Велс, рече дека го отфрлил уредот додека го расчистувал својот дом во 2013 година. Тој тврди дека имал два идентични хард дискови на лаптопот и дека по грешка го ставил оној што содржел криптографски „ приватен клуч “потребен за пристап за да може да ги троши неговите биткоини кои завршија во ѓубре.

    По сите овие години, Хауелс е сè уште уверен дека ќе може да го врати биткоин паричникот. Иако надворешниот дел на хард дискот може да биде оштетен и ‘рѓосан, тој верува дека плочата одвнатре може да биде недопрена.

    Хауелс вели дека имал 7.500 биткоини, кои по денешни цени, би вределе повеќе од 280 милиони долари. Но, единствениот начин да стигне до нив бил преку хард дискот што го фрли во ѓубре пред осум години.

    Депонијата во која заврши хард дискот не е отворена за јавноста, и доколку не добие дозвола да влезе од локалниот совет, ќе се смета за кривично дело.

    Хауелс понуди да донира 25% од биткоинот кои  сега е вреден околу 70,8 милиони американски долари – на „Фондот за помош на Ковид“ за неговиот роден град, доколку  успее да го ископа хард дискот од ѓубриштето . Тој исто така вети дека ќе го финансира проектот за ископување со поддршка на неименуван хеџ фонд.

    Но, Градскиот совет на Њупорт досега ги одбиваше неговите барања за разгледување на депонијата, повикувајќи се на загриженост за животната средина и финансирањето. И не се чини дека локалните власти наскоро ќе му дозволат да влезе.

    Портпарол на Советот за CNBC изјави дека „бил контактиран неколку пати од 2013 година, за можноста за враќање на парче ИТ хардвер, за кое се вели дека содржи биткоини“.

    „Советот му кажа на г-дин Хауелс во повеќе наврати дека ископувањето не е можно според нашата дозвола за лиценцирање и самото ископување ќе има огромно влијание врз животната средина врз околината“, рече портпаролот на советот.

    „Трошоците за ископување на депонијата, складирање и третирање на отпадот може да достигнат милиони фунти – без никакви гаранции дали ќе се најде и доколку се најде дали сеуште е во работна состојба“.

    Не е тешко да се замисли зошто Хауелс би сакал да ја спаси опремата. Цените на биткоинот вртоглаво се зголемија во последните неколку месеци, достигнувајќи историски врв близу 42.000 американски долари минатата недела пред нагло да се повлечат.

    Њујорк Тајмс“ во вторникот објави дека на еден програмер во Сан Франциско му биле заклучени 7.002 биткоини – во вредност од околу 267,8 милиони американски долари денес – затоа што ја заборавил лозинката потребна за отклучување на мал хард диск што содржи приватен клуч на дигитален паричник.

    Мрежата на Биткоин е децентрализирана, што значи дека не е контролирана од една индивидуа, туку од мрежа на компјутери. Секоја трансакција потекнува од паричник кој има „приватен клуч“. Ова е дигитален потпис и дава математички доказ дека трансакцијата е од сопственикот на паричникот.

    Прочитај и: Ова семејство се обложи на Биткоин кога беше 900 долари – и купи уште повеќе кога цената се сруши во 2018

    Повеќе стории за Биткоин [ тука ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично