Заштита на шумите преку воведување, тестирање и демонстрација на нови методи и пристапи за борба против деградацијата на земјиштето, треба да се постигне со проектот „Climaproof“, со што ќе се придонесе за намалување на ризиците од климатските промени во регионот на Западен Балкан. Ова е исходот од средбата меѓу вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и претставниците на Програмата на животна средина при ОН (УНЕП) од канцеларијата во Виена.
Со „Climaproof“, проект што ќе се интегрира во новиот просторен план кој е во фаза на изработка, ќе се влијае врз подигнувње на свеста, врз јакнење на капацитетите, но и ќе се создаде здрав амбиент за инвестиции во зелената инфраструктура.
Битиќи, кој е координатор на активностите за зелениот климатски фонд и Соња Герберт, менаџер на проектот „Управување со портфолиото на Западен Балкан“, посочуваат дека „Climaproof“ предвидува подобрување на перформансите на животната средина и климатската отпорност на инвестициите во инфраструктурата на регионот, а од перспектива на европските интеграции.