ПОВЕЌЕ

    Бислимоски: Од декември евтина струја од 13 до 15 часот, субвенциите ги намалија сметките

    Време зa читање: 2 минути

    Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, а граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот. Ноќната евтина тарифа останува од од 22 до 7 часот изутрина. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, нагласи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски, на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

    Енергетската криза, вели, го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електричната енергија преку ден. Така се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден.

    „Нашата држава, како и цела Европа, се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и  се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи извори на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори. Во овој период, во време на енергетска криза, за 20 насто го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој, пак, даде резултат со што се намали увозната зависност и  традиционално нотираните 30 проценти увоз на електрична енергија се преполовија и сега изнесуваат 15 проценти во првите неколку месеци од годинава“, посочи Бислимоски, додавајќи дека следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми за оние лица на кои им е потребна.

    Првиот човек на РКЕ ја презентираше иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

    „Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош  за сметките“.

    Неодамна, на 35. генерално собрание, РКЕ стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои географски припаѓаат на медитеранскиот регион.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично