ПОВЕЌЕ

    БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

    Време зa читање: 2 минути

    На 15 мај, по повод одбележувањето на Светскиот ден на семејството, БИМИЛК е домаќин на ексклузивен настан посветен на нејзините вработени-родители на деца до 12 годишна возраст, како и за психолозите, педагозите и дефектолозите во битолските предучилишни и училишни установи.

    Настанот, кој ќе се одржи во дворот на БИМИЛК, ќе биде еднодневен семинар предводен од д-р Ранко Рајовиќ, познат експерт за детски развој и основач на системот за учење „NTC“ (Никола Тесла Центар). Експертизата на д-р Рајовиќ за стимулирање на интелектуалните способности на децата му донесе признание низ целиот регион, а неговите сознанија за методите на воспитување се непроценливи.

    „Среќни сме што ќе бидеме домаќини на д-р Ранко Рајовиќ за оваа посебна пригода. Како компанија посветена на благосостојбата и иднината на нашата заедница, ја препознаваме важноста од поддршката на родителите и воспитувачите во нивните напори да ја негуваат следната генерација. Сметаме дека инвестирањето во образованието и развојот на нашите деца е клучно за градење посветла иднина. Со здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК.

    Семинарот ќе опфати низа теми, вклучувајќи развој на мозокот, рана стимулација, креативно учење, логично размислување и практична примена на методологијата NTC. Учесниците ќе имаат можност да стекнат вредни сознанија, да разменуваат идеи и да се вмрежат.

    Бимилк како општествено одговорна компанија, ја зема предвид и улогата во едукацијата и развојот на вработените и младите, во пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно учествува во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Ова е дел од проектите кои Бимилк ги создава под платформата „Растеме заедно“  и континуирано ќе продолжи да едуцира за подобра иднина на младите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично