ПОВЕЌЕ

    Безос се повлекува од функцијата директор на Амазон

    Време зa читање: 2 минути

    Џеф Безос денеска ја најави својата оставака, Извршен директор на Амазон.

    Безос е милијардер, основач и сеуште Извршен директор на Амазон, чијашто пазарна вредност се проценува на повеќе од 1.000 милијарди долари.

    Тој ја основаше компанијата Амазон во 1994 година, во гаража на изнајмена куќа, а денес е една од најголемите компании во светот.

    Безос започна да ги продава своите акции во Амазон минатата година, но сепак поседува над 53 милиони акции на Амазон во вредност од скоро 170 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот.

    Тој претходно изјави дека секоја година ќе продава акции за околу 1 милијарда долари за да го финансира својот стартап за производство на ракети Blue Origin.

    Добро упатени извори велат дека Безоса ќе биде заменет на чело со Енди Џеси, кој е во Амазон од 1997 година и работи со веб-услуги на Амазон, дел од Амазон заслужен за лавовскиот профит на компанијата.

    „Возбуден сум што објавувам дека во третиот квартал ќе се префрлам на позицијата Извршен претседател на Одборот на Амазон и Енди Џеси ќе стане извршен директор“, рече Безос во писмото до вработените. „Во улогата на извршен претседавач на бордот имам намера да ја насочам својата енергија и внимание кон нови производи и рани иницијативи. Енди е добро познат во компанијата и е во Амазон скоро онолку колку што сум јас. Тој ќе биде извонреден лидер и ја има мојата целосна доверба “.

    Веста дојде заедно со извештајот за заработка во кој Амазон го објави својот прв квартал од 100 милијарди долари. AWS, под водство на Џеси, објави 28% раст на приходите за четвртиот квартал. Околу 52% од оперативниот приход на Амазон се припишува на AWS заклучно со октомври 2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично