ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА СЕ ВРАЌА ВО КОЛОСЕК: Акциите на Комерцијална банка со промет од три милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Раздвижување на берзата по летниот застој. Сите септемвриски вредности се обележани со стрелка нагоре . Единствено нема промени на врвот кај најтргуваните акции – на Комерцијална банка и „Алкалоид.

    Во септември, во текот на дваесетте работни денови, остварен е промет во БЕСТ системот од 576.828.602 денари или речиси 9,4 милиони евра. Во однос на август, кога биле евидентирани 195.001.584 денари/3,1 милион евра, има поприличен раст од 195,81 насто. Притоа се реализирани 1.012 трансакции, наспроти августовските 637. Што претставува зголемување за 58,87 проценти

    Во овој период со најтргуваната акција – на Комерцијална банка, е забележан промет од 3.045.971 евро (187.448.022 денари). Истргувани се 15.196 акции низ 414 трансакции, при што е постигната просечна цена од 12.335,35 денари. Во вкупниот берзански промет оваа акција партиципира со 64,69 отсто.

    Акцијата на најмоќната фармацевтска компанија во земјава, скопски „Алкалоид“, во септември е со просечна цена од 17.419,87 денари. Остварениот промет е во износ од 33.463.567 денари, односно 543.862 евра. Постигнат е преку 171 трансакција, а истргувана е количина од 1.921 акција. Во септемврискиот вкупен промет има удел од 11,55 проценти.

    Овојпат кон првата петорка се приклучи Окта, со учество од 3,58 отсто во структурата на прометот. Со акциите на рафинеријата во количина од 2.002, направени се 79 трансакции. Просечната цена по акција е 5.179,69 денари, а прометот изнесува 10.369.743 денари (168.509 евра).

    Инвеститорите пројавиле интерс и за акциите на ТТК Банка. Септемвриската просечна цена е 1.248,85 денари, а истргувани се 7.842 акции во 17 трансакции. Со нив е реализиран промет од 9.793.483 денари или 159.187 евра. Учеството во берзанскиот промет е 3,38 отсто.

    Постојан член на петорката е скопски „Макпетрол“, со акција, која во ова друштво држи највисока цена. Минатиот месец просекот бил 65.166,47 денари. Прометот од 9.514.305 денари/154.620 евра е остварен низ 45 трансакции, во кои биле истргувани 146 акции. Со тоа, оваа акција во вкупниот промет има удел од 3,28 проценти.

    Што се однесува до пазарната капитализација, во септември е 225.272.912.879 денари, па во споредба со августовските 217.764.987.844 денари има раст од 3,45 насто.

    Берзанскиот идекс МБИ10 минатиот месец го завршил со вредност од 5.803,06 и од август направил исчекор од 1,37 проценти.

    новинар:

    Маја Анастасова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично