Берзанската вредност на автомобилскиот гигант Tesla Inc. се зголеми за околу 84 милијарди долари претходно оваа недела, повеќе од вкупната пазарна капитализација на Ford Motor.
Ова вртоглаво зголемување на вредноста дојде откако производителот на електрични возила објави дека е планирана уште една акција за поделба за околу две години.
Ваквите поделби во вредноста на акциите на големите компании неодамна се вратија во центарот на вниманието, откако Amazon.com претходно овој месец објави дека ќе ги подели своите акции во сооднос 20 спрема 1.
Тогаш технолошкиот гигант Alphabet го претстави својот план, а целта на компаниите беше да ги направат своите големи акции попривлечни за помалите инвеститори, пишува Bloomberg.
Производителот на автомобили е најголемиот победник во овогодинешниот NISE FANG + индекс. Во понеделникот акциите на Tesla пораснаа за осум отсто, на 1.091,84 долари, што е највисоко ниво од 12 јануари.
Последен пат кога автомобилскиот гигант ги подели своите акции беше во август 2020 година, вредноста на акциите забележа неверојатен годишен раст од неверојатни 743 проценти. Поделбата често се наведува како една од причините што довеле до зголемување.