ПОВЕЌЕ

    БЕРЗА: Инвеститорите оптимистични поради почетокот на вакцинацијата

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на акциите пораснаа на азиските берзи во средата, како и претходниот ден на Волстрит, бидејќи инвеститорите се оптимисти во врска со почетокот на вакцинацијата против ковид-19 и затоа што се очекуваат нови стимулативни мерки во САД.

    Индексот на акции во Азија и Пацифик MSCI, со исклучок на јапонскиот, се зголеми за 0,8 проценти околу 7,00 часот по два дена пад.

    На берзата во Токио, индексот Nikkei зајакна 0,3 проценти, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Јужна Кореја и Хонг Конг пораснаа помеѓу 0,1 и 0,8 проценти. Во Сингапур, од друга страна, тие малку паднаа.

    Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот раст на цените на акциите на Вол Стрит за повеќе од 1 процент, со индексот Nasdaq да достигне нов рекорд бидејќи инвеститорите очекуваат дополнителни стимулативни мерки за заштита на економијата од пандемијата.

    Dow Jones порасна за 337 поени или 1,13 отсто, на 30.199 поени, додека S&P 500 скокна 1,29 отсто, на 3.694 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,25 отсто, на рекордни 12.595 поени.

    Додека инвеститорите беа загрижени за брзиот раст на бројот на ново инфицирани, смртни случаи и хоспитализации во САД претходниот ден, тие вчера заклучија дека токму поради тоа, како и забавувањето на економското закрепнување, многу веројатно ќе следат стимулативни мерки деновиве.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично