Одборот на Управата за финансиски супервизија (УФС) одлучи да го одбие краткорочниот план за финансирање и планот за наплата, а со тоа и да ја повлече лиценцата за работа, да прогласи несолвентност и да поднесе пријава за отворање стечајна постапка против „Сити иншуранс“ – најголемиот играч на локалниот пазар, со 20% учество во вкупната индустрија и 45% во сегментот на осигурување возила.
„Од првиот ден од мојот мандат како претседател на органот, си поставив задача цврсто да го спроведам законот и да ги спречам неправилностите на пазарот на осигурување и ве уверувам дека моите напори ќе продолжат. Сите одлуки се базираат на обемни експертски истраги , фактички докази и поддршка на институциите за спроведување на законот во Романија, но и во други земји.“, стои во коментаорт на Нику Марку – претседател на УФС.
„Влијанието на ситуацијата е секако значајно, но пазарот за осигурување на моторни возила во Романија ќе продолжи да работи и ќе ја надмине оваа ситуација, а носителите на полиси издадени од оваа компанија и оштетените се заштитени со закон преку заштитниот механизам изграден во овој поглед “, рекоа претставниците на УНСАР – Националниот сојуз на компании за осигурување и реосигурување во Романија. „Сити иншуранс“ не е член на здружението.
„Во исто време, ние продолжуваме да ги поддржуваме законодавните иницијативи од корист на потрошувачите кои обезбедуваат оптимална и одржлива работна рамка на среден и долг рок. Затоа, го поздравуваме отпочнувањето на јавната расправа за нацрт – закон за изменување и дополнување на Законот бр. 213/2015 за Фондот за гаранција на осигурување – ФГА, со кој се изменува временскиот рок во кој Фондот има право да плаќа од своите средства до доверителите на осигурувањето. Оваа новововедена одредба е дополнителна мерка за заштита на оваа законски заштитена категорија од последиците од неликвидност на осигурител “, додаваат тие.
Со одлуката се сеогласни и од БААР, Романското биро за осигурителни возила, од каде сметаат дека, имајќи предвид дека осигурителот повеќе не ги исполнува индикаторите за солвентност, т.е. минималниот капитал, повлекувањето на неговото овластување од страна на надзорниот орган за осигурување е во согласност со законодавството и општите правила за управување во секторот.
„Убедени сме дека сите осигуреници со полиси за осигурување земени со Сити осигурување ќе имаат корист, кога ќе е потребно, преку надомест од Гарантниот фонд за осигурување. БААР исто така би сакал уште еднаш да увери дека и во оваа ситуација ќе дејствува само во согласност со законот, но исто така и со највисоки стандарди за професионалност и ефикасност, без бирократски бариери однадвор, да ја исполни својата улога однадвор. Изразуваме надеж дека локалната осигурителна индустрија достигна зрелост, искуство и ниво на регулација што ѝ овозможува да ги надмине ефектите од каква било дисфункција што може да се појави во даден момент и, заедно со заложбата што ја покажаа државните органи во тоа време, и сигурни сме дека можеме да управуваме со овој момент во оптимален начин “, стои во изјавата на Мадалин Росу – претседател на БААР.
Банкротот на „Сити иншуранс“ нема да влијае на работењето на ПАИД, Унија за осигурување од природни катастрофи, чиј член е банкротираното друштво. „Задолжителното осигурување од природни катастрофи е полиса управувана од ПАИД и се дистрибуира само од други субјекти. Поради оваа причина, останува валидна до датумот на истекување, без оглед што ќе се случи со дистрибутерот на полисата. ПАИД е стабилен во однос на коефициентите на солвентност, има сопствени средства и има најголема програма за реосигурување во Централна и Источна Европа, во износ од 1 милијарда евра “, објасни генералниот директор на ПАИД, Николета Раду.