ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ви овозможува on line ажурирање на контакт и лични податоци

    Време зa читање: 2 минути
    Доколку е потребно да ги ажурирате вашите контакт и лични податоци во Комерцијална банка АД Скопје, не мора да одите во филијала или експозитура, туку тоа може да го направите преку вашиот компјутер или телефон.

     

    Интернет банката на Комерцијална банка ви овозможува промена на личните податоци со внес на новите податоци во предвидените полиња, по што тие автоматски се ажурираат во системската евиденција на Банката. Преку интернет банката може да прикачите и фотографија или скен од вашиот документ за идентификација, по што истиот ќе биде ажуриран во нашата евиденција. Потврда за оваа измена се прави со внесување код од листата со кодови или со дигитален сертификат.

    Промена на податоците за вашиот телефонски број, адреса или е-пошта може да извршите брзо и безбедно преку web страната на Банката, при што за потврда на вашиот идентитет ќе треба да внесете ЕМБГ и телефонски број. Банката ќе ви испрати „код“ преку СМС порака, кој треба да го внесете преку формата за ажурирање поставена на web страната на Банката. Контакт податоците ќе бидат ажурирани во нашата евиденција по извршена проверка на корисникот и неговите податоци од страна на Банката.

    Оваа можност е до времен карактер, односно ќе биде достапна се додека важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам за време на вонредна состојба.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично