Австралија влегува во прва рецесија по 29 години, потврди денеска министерот за финансии, откако Заводот за статистика извести за пад на економијата во првиот квартал.
Економијата опаднала за 0,3 проценти во првиот квартал од претходните три месеци, пред се поради пожарите, сушата и пандемијата на коронавирус, објави денеска австралиското биро за статистика (АБС).
На годишно ниво, економскиот раст се намалил на 1,4 проценти во првите три месеци од оваа година.
„Ова е најслаб раст од септември 2009 година кога Австралија се најде во светска финансиска криза и бележи само почеток на економските последици предизвикани од „ковид-19 “, изјави Брус Хокман, главен економист во АБС.
Министерот Џош Фриденберг изјави дека Австралија влегува во рецесија за прв пат по 29 години.
Австралија не е во рецесија, дефинирана како два последователни квартали со опаѓачка активност, од 1991 година, поставувајќи нов рекорд меѓу развиените земји кога станува збор за непрекинат раст, иако растот бил забавен последните години.
Податоците за вториот квартал ќе бидат објавени во септември кога официјално ќе известат за првата рецесија во три децении.
Фрајденберг вели дека економскиот пад во вториот квартал ќе биде далеку поизразен.
„Ова е проценка заснована врз податоците што ги добив од Министерството за финансии за тоа што се очекува во вториот квартал“,изјави Фрајденберг на прес конференцијата по објавувањето на извештајот на АБС.
Погледнете ја листата на 100те најголеми работодавачи во Македонија за 2019-та година!