Аутомакедонија, една од водечките компании за услуги поврзани со мобилетот и еден од најголемите дистрибутери на автомобили во Македонија, веќе трета година по ред со гордост го поддржува најголемиот културен настан во државата.
Како еден од главните спонзори на Охридско лето, Аутомакедонија и оваа година беа присутни во центарот на културните случувања и преку низа активности ја претставија нивната посветеност кон музиката и уметноста како важен сегмент од културното богатство на земјата.
Охридско Лето со години важи за настан кој привлекува уметници со високо реноме, а оваа година меѓу бројните домашни и светски уметници и изведувачи, свој настап имаше и светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович.
„Охрид, традиционално е центарот на културните случувања во Македонија. Ние како еден од главните спонзори на оваа спектакуларна културна манифестација земаме учество и ги поддржуваме организаторите и изведувачите. Оваа година покрај возилата кои им ги дадовме на располагање на организаторите, подготвивме и неколку промоции, награди и изненадувања за сите кои овој период од годината го поминуваат во прекрасниот Охрид. Нашата мисија е да овозможиме најдобри вредности и автомобилски решенија, а оваа партнерска врска со Охридско лето е уште еден чекор во тоа насока. Очекувајте интересни активности, промотивни понуди и дружење со нашиот тим, додека уживате во музичките искуства на Охридско лето.“ – изјави маркетинг менаџерот на Аутомакедонија – Билјана Јанчевска.
Во средата на кејот на Охрид голем број на минувачи имаа можност да ги запознаат возилата на SsangYong – Korando, Musso и Rexton, да се забавуваат, играат наградни игри и да освојат награди. Главна атракција на сите настани беше новото 100% електрично Korando, кое се најде на големата сцена на Античкиот театар, покрај бината на која со години настапуваат бројни светски и домашни изведувачи. Посетителите покажаа голем интерес за активностите кои беа подготвени за нив, а за оние кои не беа во можност да ја посетат првата промоција на Аутомакедонија, од компанијата најавуваат уште едно заедничко дружење со голем број изненадувања на 5 август на кејот во Охрид, кај пристаништето.
Од 12 јули до 20 август, Охрид е главна атракција за домашни и посетители од целиот свет, а Аутомакедонија, како општествено одговорна компанија која ја негува традицијата и домашното културно богатство, се гордее со фактот дека го поддржува Охридско лето придонесувајќи на неговиот успех кој се зголемува секоја година.