ПОВЕЌЕ

    ВО ТРГОВИЈАТА СЕ УШТЕ ЦАРУВА КЕШОТ, картичките ако мора

    Време зa читање: 3 минути

    Платежните картички нема кој ги нема од граѓаните во земјава, но сѐ уште готовината сите ги прави посреќни. Иако вредноста на плаќањата со картички постојано расте, сепак не може да го достигне кешот. Вредноста на готовината повелечена од банкомат сѐ уште е далеку поголема, што значи дека граѓаните претпочитаат пари во џеб за сигурно, а картичката е за секој случај.

     

    Дури ни помладите генерации, кои располагаат со најголеми лични месечни буџети, не се одвикнати од кешот и повеќе пари повлекуваат на банкомат, а помалку користат преку картичка. Порталот „Пари“ ги анализираше податоците на НБРМ, според кои, минатата година граѓаните на возраст од 35 до 44 години од банкомат повлекле 38,3 милијарди денари, а со картичка во продавница потрошиле 28,1 милијарда денари. Следните се тие на возраст од 45 до 54 години, кои во готовина повлекле 34,7 милијарди денари, а со картичка платиле 23,3 милијарди денари. Во Македонија, на картичките најмалку им веруваат луѓето на возраст од 55 до 64 години, кои во 2023 година од банкомат извадиле скоро 30 милијарди денари, а на картичка потрошиле двојно помалку, односно 16,5 милијарди денари.

    Ако е за утеха, младите на возраст од 25 до 34 години имаат најголема „рамнотежа“ помеѓу кешот и картичките, затоа што минатата година од банкомат повлекле 29 милијарди денари, а со картичка потрошиле 20,2 милијарди денари.

    Платежни трансакции со картички во 2023

    Оваа реалност во Македонија не може да ја промени ни фактот дека од 2016 до 2023 година вредноста на платежните трансакции со картички остварени на физички места на продажба (ПОС) е зголемена речиси за трипати. И растот е многу поголем од тој на вредноста на повлечената готовина од банкомат. Во 2016 година на ПОС биле извршени плаќања во вкупен износ од 34,1 милијарда денари, а во 2023 година од дури 113,9 милијарди денари. Затоа, пак, вредноста на вкупно повлечената готовина од банкомат во минатата година изнесува 180,1 милијарда денари. Во 2016 година од банкомат биле повлечени 116,6 милијарди денари.

    СЕДУМКА НА ЛОТО ДОБИ ДРЖАВАТА – Ланскиот профит од државното „Коцкање“ е 27,4 милиони евра!

    Ако се земе предвид дека во земјава се евидентирани 15.804 трговци кои прифаќаат картички, излегува дека вкупната вредност на остварени трансакции по трговец во минатата година изнесувала 7,2 милиони денари. Народната банка забележува дека во 2016 година имало 13.080 трговци што прифаќаат картички, а на нивните продажни места биле остварени плаќања на ПОС во вредност од 34,1 милијарда денари. Тоа значи 2,6 милиони денари по трговец. Овие бројки покажуваат дека има драстични промени во употребата на картичките во земјава, но тие, сепак, не се доволни за да ја променат генералната слика.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично