ПОВЕЌЕ

    Амазон започнува со достава на пратките со помош на дрон

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата Амазон планира да започне со испорака на некои пратки со помош на дронови подоцна оваа година, објави синоќа американскиот гигант за е-трговија. Конкурентниот малопродажен синџир Walmart веќе нуди испораки на ниво на беспилотни летала и во мај објави дека користењето на оваа услуга драстично скокнало, така што до крајот на годината ќе биде проширена во шест земји, со потенцијал да испорача околу милион пакети до крајот на 2022.

    Амазон го избра градот Локфорд, во северниот дел на Калифорнија, за да ја започне својата програма. Клиентите ќе можат бесплатно да се пријават за оваа услуга, соопштија од компанијата. Амазон наведува дека нарачаните артикли кои можат да се превезат на овој начин ќе бидат спакувани и транспортирани со дрон до адресата за испорака, а пакетот потоа ќе се откачи од безбедна висина. Дронот потоа се враќа во својата база.

    Компанијата тврди дека развила софистициран систем кој им овозможува на нејзините дронови да откриваат и избегнуваат авиони, луѓе, домашни миленици и сите други пречки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично