ПОВЕЌЕ

    Алтмаер е релативно сигурен дека вториот бран рестриктивни мерки нема да предизвика рецесија

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот министер за економија Петер Алтмаер во понеделникот рече дека е „релативно сигурен“ дека втората блокада, која стапува на сила од средината на оваа недела, нема да ја турне економијата во рецесија.

    „Релативно сум сигурен дека нема да доживееме рецесија како онаа што се случи пролетта“, изјави Алтмаер за радио станицата Дојчландфунк.

    Бруто домашниот производ на Германија (БДП) падна за 9,8 проценти во вториот квартал, во екот на првиот бран на глобалната пандемија, но повторно се зголеми во третиот квартал, за рекордни 8,5 проценти, потсетува новинската агенција Дпа.

    Германија ќе ги затвори сите продавници, освен оние кои се неопходни за дневните потреби за живеење, како што се класичните продавници за самопослужување и аптеките, како дел од повеќенеделната забрана што го опфаќа периодот на Божиќните празници.

    Мерките треба да стапат на сила од среда, 16 декември и да траат до 10 јануари следната година.

    Тие исто така вклучуваат значителни ограничувања наметнати на училиштата и градинките, со тоа што повеќето објекти се затворени или работат само во ограничена мерка.

    Делумни рестриктивни мерки во Германија, кои се во функција од почетокот на ноември, со затворени барови, ресторани и простории за одмор, се сметаат за недоволни за спречување на пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично