ПОВЕЌЕ

    Алта банка Белград го зголеми уделот во Алта банка Битола на 95,15 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Белградската Алта банка се стекна со дополнителни 84 акции на Алта банка Битола. Во моментот поседува 372.028 обични акции. Тоа претставува 95,15 отсто од акционерскиот капитал, наведено е во информацијата објавена на Македонска берза.

    Со купувањето на овие акции, најголемиот акционер го зголеми својот удел за 0,02 процентни поени, од 95,13 на 95,15 насто. Известување за купопродажна трансакција имаше и во јануари, со опфат на 7.213 акции.

    Според берзанските податоци, просечната цена за акција на Алта банка Битола е 3.777 денари. Последното тргување на официјалниот пазар е регистрирано на 6 март, а во изминатите 52 недели имало 75 трансакции. Во тој период просечната цена се движела од 3.134 до 4.000 денари.

    По успешната аквизиција на Стопанска банка Битола, процес кој се заокружи лани во октомври, АЛТА банка Белград, заедно со поврзаните субјекти, имаше сопственост од 93,26 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично