Белградската АЛТА банка дополнително ги зацврсти сопственичките позиции во АЛТА банка Битола. Поседува 95,13 отсто одд акционерскиот капитал, откако купи 7.213 акции.
„Известуваме дека акционерот АЛТА банка АД Белград се стекна со дополнителни 7.213 обични акции и сега поседува вкупно 371.944 обични акции, односно 95,13 % од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола“, наведено е во објавата споделена преку Македонска берза, со која инвеститорската јавност се информира за промените кај акционерот кој има значителен удел.
По успешната аквизиција на Стопанска банка Битола, процес кој се заокружи лани во октомври, АЛТА банка Белград, заедно со поврзаните субјекти, имаше сопственост од 93,26 проценти.
Битолската банка, пак, новото име АЛТА банка АД Битола го применува од 12 декември.
Аналитика








