ПОВЕЌЕ

    „Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

    Време зa читање: 3 минути

    „За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“

    „Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутен победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2023 година, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите на интернет-страницата „Вработување.ком“, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“. Настанот за првпат се реализираше во 2023 година низ симболиката на оскари за работодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивните практики на македонскиот пазар на трудот.

    Наградата за работодавач на годината му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој изјави:

    „Ова е награда на 3.000 семејства кои работат во ’Алкалоид’ во Македонија и подружниците во странство! Признание за целиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секој наш производ и во секој наш процес во изминатите 88 години постоење. Ова признание е доказ дека во Македонија навистина има квалитетни луѓе.“

    „Алкалоид“ континуирано негува стимулирачка работна средина и постојано го надградува системот на бенефиции за своите вработени, кој вклучува: обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување, бенефиции за децата на вработените во форма на субвенциониран износ за вонучилишни активности, новогодишен линеарен надомест за секој вработен, исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум, награди за вработените за лојалност и дополнителни надоместоци во согласност со вклученоста во успешно завршени интерни проекти, годишен наменски буџет за едукации и за стручни доусовршувања, редовни тим-билдинг активности, можности за кариерен развој во компанијата и надвор од неа, подарок за секое новороденче на вработен, новогодишни пакетчиња за децата на вработените и друго.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично