ПОВЕЌЕ

    АКЦИЗА НА ЦИГАРИТЕ ПОВИСОКА за 30% ќе спаси 7.000 животи годишно, а во Буџетот ќе има плус 265 милиони евра

    Време зa читање: 4 минути

    Речиси половина, односно 45,4 отсто од населението во Македонија се пушачи. Од нив, 12,4 проценти се млади лица на возраст од 13 до 15 години, кај кои статистиката забележала дека 30 отсто почнале да пушат пред својата 14 година. Податоците се од анализите на „Аналитика Тинк-Тенк“, презентирани на настанот насловен „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Северна Македонија“.

    Според анализата, 53,1 процент од младите првата цигара ја консумирале на просечна возраст од 18 до 24 години првпат ставаат цигара во уста. А, пак, 44,4 отсто од пушачите консумираат во текот на денот палат повеќе од 20 цигари. Причините за ова се согледуваат во лесната достапност и ниските цени на цигарите, проследено со недоволната едукација. Всушност, ова се само дел од причините за започнување со оваа штетна навика уште од најрана возраст, па оттаму се препорачува преземање итни мерки за контрола на тутунот и насочени интервенции за намалување на пушењето и неговите придружни штетни ефекти.

    Доолку цената на цигарите се намали за десет отсто, потрошувачката ќе се намали за четири до осум проценти, покажува студијата на „Аналитика Тинк-Тенк“.

    „Зголемувањето на акцизата од 30 насто би значело зголемување на цената на цигарите за 22 проценти. Меѓутоа, она што е поважно е дека тоа би значело слевање во буџетот на дополнителни 265 милиони евра, што е пресметка приближно еднаква со пресметките што ги направи Министерството за финансии во октомври кога излегоа новите измени на Законот за акцизи. Потоа, спасување на 7.000 смртни случаи годишно, намалување на преваленца на пушење за два отсто, намалување на интензитет на пушење за околу 300 цигари годишно, намалување на потрошувачка на цигари за 17, 5 отсто, значи сите овие придобивки се многу значајни и за фискалната и за здравствената политика“, се вели во препораките и заклучоците од „Аналитика Тинк-Тенк“.

    Пушењето од рана возраст е сериозен проблем затоа што секоја научна анализа покажува дека што порано се почне со пушење има поголема веројатност да се остане зависник од никотин целиот живот. Затоа, вели извршната директорка Тамара Мијовиќ Спасова, „Аналитика тинк тенк“ одлучи да ги испита факторите, детерминантите што влијаат, не само на пушењето, туку и на започнувањето со пушење кај младите.

    „Она што е многу важно и што го увидовме од анализата е дека 80 отсто од младите кога купувале цигари не биле спречени. Значи, имаме голема достапност на цигари, имаме законска регулатива, меѓутоа немаме имплементација во пракса“, нагласи Мијовиќ Спасова.

     

    Трошоците, пак, пресметани од пушењето изнесуваат 5,6 отсто од БДП, што е огромна бројка, посочи Бојана Мијовиќ Христовска, проектен менаџер и постар истражувач во „Аналитика тинк – тенк“, додавајќи дека во таа насока треба да се влијае со ценовни и неценовни мерки, со зголемување на акцизата за 30 насто.

    „Под неценовни мерки спаѓаат враќањето на забраната за пушење во затворен простор, како и да се намали достапноста на цигарите, а тоа би се постигнало со покачување на акцизата за 30 насто годишно, со што би се оствариле посакуваните фискални и здравствени придобивки“, наведе Мијовиќ Христовска Со тоа, вели, би можеле да се спасат 2.400 смртни случаи на годишно ниво предизвикани од пушењето цигари.

    Воедно, таа наведе дека просечните цени за кутија цигари во земјава лани биле релативно ниски и се движеле од 1,82 до 2,77 долари, а просечната плата тогаш била 572 долари.

    „Македонија има ценовно најдостапни цигари во регионот со безначајни 0,03 отсто од просечниот БДП по глава на жител потребни за купување на 100 кутии од најпродаваните цигари во земјава (Светска банка и ДЗС за 2023 година). Покрај тоа Македонија има многу ниско даночно оптоварување на тутунот, така што акцизата како процент од просечната цена на цигарите во државава, годинава изнесува 65,6 отсто“, образложи Мијовиќ Христова.

    Истражувањето покажува дека Македонија е рангирана многу високо на глобално ниво во однос на превенцијата на пушењето и просечниот број на испушени цигари дневно по пушач.

    Надлежните апелираат граѓаните да ги користат специјалните обуки за одвикнување од пушење во центрите за јавно здравје.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично