ПОВЕЌЕ

    Акцијата на „Усје“ со најголем раст на просечната цена во април

    Време зa читање: 2 минути

    Цементарница „Усје“ и рафинеријата „Окта“ се предводници на двете табели произлезени од месечната статистика на Македонска берза. За најголем раст и за најголем пад на акциите на официјалниот пазар.

    На крајот од април акцијата на скопската Цементарница е со заокружена цена од просечни 36 илјади денари. Нивото е достигнато по забележаниот раст од 15,20 проценти во однос на март, кога износот бил 31.250 денари.

    На втората позиција, според растот од 12,84 насто, е акцијата на Стопанска банка Битола. Се зголемила од мартовските 2.647 на 2.987 денари во април.

    Месечното движење кај акцијата на „Македонијатурист“ е 11,11 проценти. На 31 март просечната цена била 5.150, а на 30 април – 5.722 денари.

    Цената на акцијата издадена од „Макпетрол“ пораснала за 7,80 насто. На крајот од април е со просек од 73.304,55 денари, додека на крајот од март – 67.999,98 денари.

    Кај просечната цена на акцијата од „Гранит“ има подобрување за 6,93 насто. Од 1.230 денари во март, на 1.315,25 денари во април.

    Кај акциите со минусен предзнак нема поголеми процентуални промени.

    Најголемиот пад е забележан кај просечната цена на „Окта“, за 2,86 отсто. Или од мартовските 5.146 денари, се намалила на 4.999 денари во април.

    Следи акцијата на РЖ „Услуги“, која има еден денар разлика во просечната цена и во четвртиот месец од годината изнесува 51 денар. Што означува намалување за 1,92 отсто.

    Исто така, за еден денар е пониска и априлската просечна цена на акцијата на „Макстил“. Со минусот од 0,75 проценти изнесува 132 денари.

    Акцијата на ТТК банка во март била со просек од 1.455, а во април 1.452,24 денари. Тоа претставува пад од 0,19 отсто.

    Листата завршува со намалувањето од 0,10 проценти, запишано кај акцијата на „Алкалоид“. Просечната цена дошла до 20.374,27 денари во споредба со мартовското ниво од 20.395,21 денар.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично