ПОВЕЌЕ

    Акцијата на Стопанска банка Скопје со најголем раст на вредноста

    Време зa читање: 3 минути

    Акциите на скопската Стопанска банка и на тетовски „Тетекс“ во август се предводници на двете топ-5 брзански листи – за најголем раст и за најголем пад на вредноста.

    Два месеци по ред акцијата на Стопанска банка Скопје е на позитивната листа. Од петтото место во јули се искачи на првото во август. Просечната цена е зголемена за 9,90 насто и достигнува 1.978,22 денари. Оваа акција веќе беше во подем и претходниот месец со раст од 15,38 проценти во споредба со јуни, што укажува на континуиран раст на довербата кај инвеститорите. Впрочем, вредноста на акцијата е резултат на позитивните финансиски резултати и стабилното работење на банката, што дополнително го јакне интересот на купувачите.

    Од 515 денари во јули на 561 денар во август се зголемила просечната вредност на акцијата од издадена од РЖ „Техничка контрола“. Тоа, пак, претставува поместување за 8,93 проценти.

    Акцијата на „Адинг“, кој е „состојка на секоја градба“, исто така бележи солиден раст од 6,67 проценти. Од 1.500 на 1.600 денари.

    Производителот на сувомесни производи и дистрибутерот на цигари „Пекабеско“ има акција чија просечна цена во август изнесува 17.550 денари. Тука има месечното движење од 6,36 насто (16.500 денари во јули).

    Петта како најтргувана и петта по растот на вредноста – акцијата на Стопанска банка Битола. Во текот на седмиот месец од годинава просекот бил 3.080,43 денари, а во август 3.261,05 денари. Се работи за позитивен исчекор од 5,86 проценти.

    Со пад од 5,03 проценти акцијата на „Тетекс“ Тетово го зазема врвот на листата со предзнак минус. Просечната цена е 2.899 денари, додека во јули била 3.052,67 денари.

    Ја следи акцијата на ТТК Банка, чија вредност се спуштила од 1.833 на 1.741 денар. Или, за 5,02 отсто. Еден месец претходно, со високиот плус од 25,33 проценти оваа акција беше прва на тогашната позитивн листа.

    Третопозиционирана е акцијата на „Либерти“. На 31 август вредела 19 денари, а на 31 јули – 20 денари. Промената е петпроцентна.

    Падот кај акцијата на „Макстил“ се мери со 3,57 проценти, од 140 денари во јули на 135 денари во август.

    Најмал е минусот забележан кај просечната цена на акцијата од тетовски „Жито Полог“, 2,96 проценти. Движењето по надолна линија во август формирало вредност од 2.199 денари, додека во јули бил евидентиран износ од 2.266 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично