Акции на девет компании се забележани во нетрговските трансфери реализирани во текот на минатата недела. Се работи за вкупно 3.081 обична акција, а најчесто подарувани биле издадените од Комерцијална банка.
Од понеделник до четврток сопственоста е сменета кај вкупно 673 акции на Комерцијална банка. Прво биле трансферирани 517, а потоа 60, 15 и на крај 81 акција. Кациите на најголемата доашна банка се најтргувани на Берзата и имаат просечна цена од 28.222,54 деенари.
На трипати е вршен пренос на акциите на Алкалоид: во понеделникот 117, во средата 5 и во петокот 194. Вкупно 316 акции, чијашто берзанска вредност е просечни 25.377,74 денари.
Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност покажуваат дека се трансферирани 668 обични акции на Македонски Телеком. Вредат околу 5.400 евра, односно просечната цена за акција е 499,15 денари.
По неколку стотици акции се подарени од четири компании. Од Цементарница Усје – 468 во вредност од 350 илјади евра. Берзански просек на акцијата е 46 илјади денари, а произлегува од последното тргување регистрирано на 20 февруари. обични акции
Во неделната статистика се и 353 акции на Рудници Бањани (со просечна цена од 603 денари), 300 на Попова Кула АД Демир Капија (16 денари за акција) и 233 обични акции на Гранит (просечни 1.500 по акција).
Со знакот на ТТК Банка се 56 обични акции, чијашто цена е просечни 1.600 денари. Во нетрговските трансериран и тој со 14 акции на Макпетрол. Акцијата издадена од дистрибутерот на горива е со просечна вредност од 112.999 денари.
Аналитика








