ПОВЕЌЕ

    Зошто растат акциите на ЈП Морган?

    Време зa читање: < 1 минутa

    На последниот состанок на ФЕД годинава немаше изненадувања. Уште долго време ФЕД ќе води исклучително лабава монетарна политика, а каматните стапки се очекува да бидат на нула до најмалку 2023 година.

    Сепак, ФЕД им дозволи на банките да продолжат со купување сопствени акции во првиот квартал од 2021 година, со што значително се зголеми цената на акциите на ЈП Морган. Банката објави дека одобрила програма за откуп на акции во вредност од 30 милијарди долари за 2021 година, пишува порталот SEEbiz.

    Веста дојде неколку часа откако Федералните резерви го објавија својот втор круг од резултатите од банкарскиот стрес-тест и соопштија дека ќе им овозможат на големите американски банки да купуваат акции ограничени со заработувачката во 2020 година.

    Не е тајна дека извршниот директор на ЈП Морган, Џејми Дејмон ја минимизира желбата за откуп на акции откако банката оствари силни профити во вториот и третиот квартал во услови на пандемија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично