ПОВЕЌЕ

    Србија воведува нови правила за фискалните каси – ќе важат за преку 100 сектори

    Време зa читање: 2 минути

    Компаниите во Србија имаат нов, конечен рок до кој ќе треба да се прилагодат на новите фискални правила. За замена на старите фискални уреди и воведување на нов систем утврден е и нов, преоден период. Тој започнува од 1 ноември оваа година и ќе трае ди 30 април 2022 година кој е и крајниот рок за да стопанствениците се прилагодат на новите правила.

    Суштината е во тоа што нови фискални уреди ќе треба да имаат речиси сите компании. Исклучок ќе бидат неколку професии кои можат да се избројат на прсти од една рака. Важно е и дека стопанствениците нема да имаат никакви трошоци поради државните субвенции, како и дека нова фискална каса ќе може да биде и секој мобилен телефон.

    Кој ќе треба да направи ре – фискализација?

    Каси по нов систем, ќе мора да има реалниот сектор, финансискиот сектор, услугите, производството… Практично, на листата ќе бидат сите трговци, банки, осигурителни друштва, обложувалници и казина, фризери, козметичари, ноќни клубови и сплавови, трговците со недвижности, градежните компании и изведувачи, како и приватните лекари и различни агенции…

    Од претстојните обврски нема да бидат исклучени ниту музеите или галериите, сите кои се бават со спортски, забавни и рекреативни дејности. Исклучок нема да има ниту за продавачите на пазари.

    На списокот ќе бидат и мајсторите, како монтери на клима уреди или електричари, но и старите занаети.

    Сите овие ќе бидат опфатени со планот кој државата настојува да го примени на пазарот, за да го зголеми процентот на издавање н фискални сметки и да ја сузбие сивата економија.

    Нема да важи само за неколку професии

    Уредбата истовремено значајно го намалува и кругот на ослободени од евидентирање на прометот на мало.

    Практично, фискални каси нема да мора да имаат адвокатите и таксистите. Само овие две групи нема да „подлежат“ на новите правила на фискализацијата. Тие нема да важат ниту за продавачите на пазарите кои продаваат роба од сопствено производство и онлајн трговците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично