ПОВЕЌЕ

    Десет деловни правила на Мирослав Мишковиќ

    Време зa читање: 5 минути

    Српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ овие денови се повлече од оперативниот менаџмент на Делта холдинг компанијата, која ја основаше и управуваше со неа цели 30 години.

    Своето искуство кое го здоби при работењето, Мишковиќ го објави во својата книга наречена „Јас, тајкун“, во која, меѓу другото, даде бројни совети за оние кои започнуваат бизнис или сакаат да го развијат.

    Овие се десетте правила од основачот на Делта Холдинг:

    Водачот на компанијата

    Најпрво е напишана дефиницијата: „Водачот на компанијата ја одредува визијата, со своите соработници создава стратегија и делегира одговорност на луѓето на кои им верува“, пишува Мишковиќ.

    Тој смета дека директорот на компанија која се занимава со оперативни работи им прави огромно зло на компаниите: тој смета дека со тоа се троши многу време и енергија за која истата би можела да ја насочи кон развојни визии наместо да ги спречува вработените да ја вршат својата работа.

    Односи со вработените

    Мишковиќ никогаш не примил работник за интервју. „Знаев дека има три причини поради кои работникот може да побара состанок со генералниот директор: да побара поголема плата, да побара стан (за време на својот ангажман) или со цел да се пожали кај неговиот шеф.

    “Ако го одобрам зголемувањето на платата на вработениот или доделувањето на стан, неговиот шеф ќе го изгуби својот авторитет односно тој повеќе нема да постои за работникот. Ова ја нарушува целата структура на управување и ја става компанијата во опасност.“

    Вистински кадар

    Наоѓање на вистински кадар, инвестирање во знаење, енергија, време и се разбира вложување пари во нив, создавање на систем – тоа е формулата за успех, пишува Мишковиќ. Тој вели дека во Србија не се прави разлика помеѓу бизнисот и управувањето и дека основачите продолжуваат да бидат работливи, дури и кога компанијата расте, што е лошо за нив и за компанијата. „Денес, Делта е систем што работи исто како да не сум јас тука“, пишува Мишковиќ.

    Навременост

    „Ја сакам навременоста и имав можност да се уверам дека ова е заедничка карактеристика на сите големи и сериозни системи“, пишува Мишковиќ и дава пример за како се прави тоа во неговата компанија. „ Ако состанокот во Делта е закажан за 9ти, јас влегувам во салата една минута или две пред 9, тогаш членовите на состанокот не смеат да влезат после мене. На нив само ќе им каже “Доцните, останете надвор.

    “Тој исто така наведува дека закажува состаноци (колегиуми) со неговите најблиски соработници, имајќи го предвид нивниот распоред, а не неговиот”.

    Мотивација

    Мишковиќ вели дека на еден млад човек треба да му се покаже дека има привлечна перспектива: дека го очекуваат патувања, хотели, состаноци – еден привлечен и возбудлив живот. „Ако тоа најпрво му го кажете, тој ќе дојде сам на работа во сабота и недела.“

    Исто така, Мишковиќ пишува дека сака да ги носи на вечера младите вработени во Делта, па на тој начин често слуша од нив некои идеи и предлози . Тој пишува дека во тие случаи би ги прифатил нивните предлози и дека би му било доволно доколку му се свиѓа 70 проценти од таа идеја. „Никогаш не сум одбил предлог заради тие триесет проценти, или да го обесхрабрам оној што предлага и да му ја нарушам мотивацијата. Со обесхрабрени луѓе, компанијата не може да постигне ништо. „”

     Жени

    “Отсекогаш претпочитав да вработувам жени, а за мене беше особено важно да ги вработувам како мои најблиски соработници. “Мишковиќ пишува дека жените едноставно се подобри во работата отколку мажите. „Тие покажуваат поголем тимски дух и лојалност кон тимот за кој работат. Тие можат да прават повеќе работи во исто време и тоа многу поефикасно. Тие се апсолутно фокусирани на целта се додека не ја постигнат, и не размислуваат за други работи кои ќе им го одвлече вниманието. За разлика од нив, суетата преовладува во машкиот тим“, смета Мишковиќ.

    Работен тим

    „Компанијата што има проблем со работниот тим, компанијата каде што тоа е главна тема, каде има многу дискусии за службени патувања и слични работи, треба веднаш да се затвори.“ Мишковиќ пишува дека тој секогаш ги наградувал менаџерите кои вложуваат најмногу во работниот тим, додека потпретседателите и директорите во Делта едноставно мораат да одат на ручеци и вечери со партнерите на компанијата.

    Мишковиќ откри во книгата дека тајно ги посетувал продавниците на Макси најмалку двапати годишно и ги „проверувал“ нивните деловни активности, односно нивните работници.

    Споменувајќи два примери со едни нељубезни работници кој ги затекнал, тој открил дека „поради еден инцидент, малопродажбата нема да пропадне, но поради непрофесионален и непријателски персонал, секако ќе пропадне“. Мишковиќ пишува дека по една таква ситуација, тој не сакал да ги посетува продавниците наредните шест месеци.

    Чевлите

    Мишковиќ во книгата откри дека е голем љубител на добри и квалитетни чевли. Во врска со чевлите откри дека има одлична идеја за нив. „Постои директна врска помеѓу чистите чевли на директорот и успешниот бизнис“, пишува Мишковиќ.

    Слика на компанијата

    „Невозможно е фабриката да биде успешна, а тревникот да е занемарен, директорот да има валкани чевли, чуварот да не ги поздравува гостите со почит“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично