ПОВЕЌЕ

    Кои делови на Скопје први ќе се гасифицираат?

    Време зa читање: 3 минути

    Под 100 евра се очекува да чини приклучувањето на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас. Од јавниот-приватен партнер кој ќе ја развива дистрибутивната мрежа ќе биде побарано да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат инсталацијата на рати на повеќе години.

    – Она што е важно е дека тендерски услов кој ќе биде најбитен, ќе биде најниската цена која ќе се понуди за приклучок на природен гас. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде под 100 евра по приклучок. Тендерирањето ќе започне од 100 евра и мислам дека тоа ќе претставува придобивка за домаќинствата кои ќе имаат низок трошок за приклучување. Очекуваме од новиот јавен-приватен партнер да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат својата инсталација на рати на повеќе години, изјави денеска Бислимоски.

    Сепак од каде би тргнала гасификцијата на Скопје. Секако бидејќи гасоводен прстен е направен околу градот се очекува гасот прв да потече до домаќинствата на периферијата. Но, исто така гасот нема да биде конкуренција на топлинската енергија. Што значи дека таму кај што има централно греење, а тоа се општините Карпош, Центар, Аеродром во прва фаза нема да добијат опција да се префрлат на користење на природен гас кој што пак се смета за евтина варијанта за користење.

    -Фирмата што ќе биде избрана за гасификацијата ќе склучи договор со Владата и ќе се утврди кои населби и општини први ќе се гасифицираат. Секако гасот нема да биде конкуренција на топлинската енергија, а тоа значи дека гасификацијата би почнала од населбите Радишани, Влае, односно општините Ѓорче Петров, Илинден, Петровец, вели претседателот Бислимоски за порталот pari.com.mk.

    Од страна на РКЕ е изработена првичната верзија на новата методологија за определување на цените за дистрибуција на природен гас на мрежи кои ќе се градат од почеток. Целта е да се гарантира цената на гасот и да се прави контрола во првите години од работењето.

    Инаку, првпат откога е започната гасификацијата во земјава, лани е забележана рекордна потрошувачка на гас. Според РКЕ, лани потрошувачката на природен гас изнесувала 338 милиони нормални метри кубни и е за 12,5 проценти зголемена во однос на 2019 година. Зголемување на потрошувачката на природен гас имало во индустрискиот сектор за 43 проценти, а намалување за 11 проценти е забележано само кај металната индустрија која беше најпогодена од кризата.

    – Радува и фактот што има и нови домаќинства кои се приклучени на дистрибутивните мрежи за природен гас. Поголемиот број е во Струмица, а помалку има во Куманово, изјави Бислимовски на денешната прес-конференција.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично