ПОВЕЌЕ

    ЈАГЛЕРОДЕН КРЕДИТ

    Време зa читање: 5 минути

    Автор: Стручен соработник на Пари

    Загадувањето на воздухот во последните години се карактеризира како глобален проблем со највисок приоритет на решавање. Светкото ниво на загаденост секоја година е во пораст, а свеста кај луѓето е далеку од правопропорционална, споредено со тежината на проблемот. Во една таква ситуација во голем број на држави конструирани се најразлични мерки со кои се стимулира заштитата на животната средина и намалување на обемот на загадување. Иако секој од нас може директно на влијае врз редуцирање на заагадувањето, сепак индустриски објекти се едни од најголемите загадувачи и кај кои директните субвенции може да добијат најголемо значење и во поголема мера да се одразат врз посакуваните резултати. Токму затоа измислена е посебна категорија на кредитирање, наречена јаглероден кредит(Carbon Credit), чија суштина е следна: Јаглеродниот кредит е дозвола или сертификат за тргување што му дава право на носителот на кредитот да емитува еден тон јаглерод диоксид. Целта на овие кредити е да се намалат емисиите на штетни гасови со тоа што може да се продадат на други компании кои не можат во моментов да ги редуцираат емисиите, за одредена сума на пари. Со тоа во кумулатив се намалуваат негативните ефекти од индустриските активности врз глобалното затоплување.

    Почетоците на организирано водењето на проекти поврзани со јаглеродни кредити се поврзани со “Протоколот од Кјото”, на остовот Хоншу во Јапонија, преку кој земјите членки на Обединетите Нации постигнаа договор за воспоставување на одредени таргети за намалување на емисијата на штетни гасови. Овој протокол подоцна беше надграден со конвенцијата во Маракеш, позната како “Marrakesh Accords”, со која беа поставени правилата преку кои треба да функционира системот.

    Јаглеродните кредити може да бидат тргувани од страна на приватни компании, држави и од физички лица, а согласно важечката регулатива истите може да бидат трансферирани интернационално. Флуктуацијата на ценовното ниво на овие кредити е детерминирана од пазарните ефекти на понудата и побарувачката и се почесто овие кредити се дел од диверзифицираните портфолија на инвеститорите. На некој начин преку јаглеродните кредити се заменува традиционалниот начин на оданочување и регулација на загадувањето, што за волја на вистината и не дадоа некој голем бенефит за животната средина. Светот во кој што живееме го движи економијата и затоа насоките за замена на јаглеродните кредити за пари се очекува да го даде виситнскиот ефект врз примарната цел, а секако истото ќе има одраз и врз економските текови и развојот на компаниите.

    Клучните сегменти во функционирањето на јаглеродните кредити се нивната цена и можноста за тргување. Идејата зад трговијата со јаглерод е прилично слична со тргувањето на хартии од вредност, а со тоа јаглеродот добива економска вредност. Ако некоја компанија купува јаглеродни кредити, таа купува право да го согорува јаглеродот, а компанијата што ги продава јаглеродните кредити, се откажува од своето право да го согорува. Вредноста на јаглеродот се заснова на способноста на компанијата да го чува или да го спречи неговото испуштање во атмосферата. Со тоа се прави пренос во правата за испуштање на гасови, а проценката е дека истото доведува до редуцирање на вкупното ниво на емитувани штетни гасови.

    На графиконот погоре прикажано е движењето на цената на поединечен јаглероден кредит во рамките на Европската Унија. Опфатен е перод од 5 години (2015-2020 година), во кој јасно се гледа дека последните 2 години атрактивноста за овој инструмент е далеку поголема од периодот пред тоа. Цената на јаглеродните кредити во период од почетокот на 2015 година до крајот на 2017 година се движат од 5-10 ЕУР, додека во 2018 година цената драстично се зголемува за околу 250-300%, кога достигнува вредности од 25 ЕУР. Пикот се достигнува во 2019 година, кога цената на кредитот е 30 ЕУР, со тоа што оваа вредност многу кратко се одржува и во 2020 година бележи пад до ниво од 15 ЕУР по кредит.

    Согласно последните истражувања на Refinitiv, прометот во глобалното тргување со јаглеродни кредити достигна рекордно високо ниво во 2019 година од 214 милијарди долари. Таквиот пораст е за 34% поголем во однос на прометот во 2018 година и ја забележа третата последователна година на раст, а како пазар со најголема вредност е ЕУ со скоро 80% од вкупниот обем на тргување. Во извештајот на Refinitiv, а како надоврзување на предходниот графикон, се потенцира порастот на просечната цена на јаглеродните кредити. Основата за таквиот тренд се смета дека лежи во механизмот кој беше дизајниран со цел да се зголеми понудата.

    Сепак, ваквиот тренд на зголемување на цените стимулирани од вештачки креирана понуда тешко дека позитивно ќе се одрази врз намалувањето на емисијата на штетни гасови. Зголемената понуда не води до заклучок дека постои зголемено индустриско производство за кое не се посветило внимание и средства да биде на поеколошки начин и дека големите компании ќе продолжат да купувааат вакви кредити се додека нивната цена не ја надмине цената на промена на начинот на произвоство. Од друга страна, иако таквиот пристап се коси со етичките норми на пристап кон животната средина, се создава простор за креирање економски бенефит од тргување со ваквите финансиски инструменти. Колку за споредба, за да бидеме свесни каде се наоѓаме како држава во рамки на развиениот свет, како одговор на јаглеродните кредити кај нас се даваат субвенции за чистење на стари оџаци. На крај се поставува прашањето до кога животната средина ќе може да ја амортизира нашата несовесност…?

    Автор: Стручен соработник на Пари

    Прочитај Анализа: Јануарски бараметар

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично