„Apple“ за две години порасна за 1.000 милијарди долари. Историскиот раст на „Apple“ до пазарна вредност од 2.000 милијарди долари, и покрај пандемијата и длабоката рецесија, ја зацврсти неговата позиција како највредна компанија во светот. Но, исто така ја истакна и нејзината зависност од технологијата. Особено во време кога коронавирусот ги принуди луѓето да работат и учат преку интернет, затворени во своите куќни канцеларии, пишуваат светските медиуми.
Највредната компанија во светот
„Apple„ за две години порасна за 1.000 милијарди долари, едвај две години откако стана прва компанија во светот со пазарна вредност од илјада милијарди долари, пишува „Фајненшл тајмс“. Тој укажува дека производителот на „iPhone“ е првата американска компанија и втора во светот што го премина тој праг.
„ Apple “ дојде до пазарна вредност од 2.000 милијарди американски долари ( вкупниот број на акции на компанијата помножен со вредноста на една акција) на 19 август, кога вредноста на акциите во утринското тргување на берзата во Њујорк беше 477,67 долари. Во текот на денот, акциите на „Apple“ паднаа малку, па на крајот на денот, вредноста на компанијата беше околу 1.980 милијарди долари.
Saudi Aramco, во сопственост на Саудиска Арабија, во декември минатата година за кратко достигна пазарна вредност од два трилиони долари, откако компанијата излезе на берза. Но нејзините акции од тогаш паднаа. Па затоа нејзината вредност сега е околу 1,8 трилиони долари, што, според британскиот лист, Apple го надмина минатиот месец.
И покрај затворање на продавниците, раст за 50 отсто
„Apple„ за две години порасна за 1.000 милијарди долари. Растот на вредноста на Apple се зголеми за повеќе од 50 проценти оваа година. И покрај различните деловни предизвици, вклучително и затворањето на нејзините продавници заради коронавирусот. Ова се случи додека компанијата беше под политички притисок, затоа што се потпираше на производството во Кина. Но, се соочи и со обвинувања за неконкурентен бизнис.
Преминувањето на прагот од два билиони американски долари е исто така дополнителна потврда за стратегијата и умешноста за политичката навигација на извршниот директор на „ Apple, Тим Кук. Него постојано го следеа прашања за тоа дали тој може соодветно да го замени визионерот Стив Џобс, кој почина во 2011 година, наглсува „Фајненшл тајмс“. Тој укажува дека растот на вредноста е рефлексија на успехот во проширувањето на бизнисот покрај паметните телефони и компјутери.
Пред две години, 55 проценти од приходите на „Apple“ доаѓаат од „iPhonea“, а сега тој удел опадна на 44 проценти, иако приходите се зголемија за 12 проценти во минатата година.
„Apple“,како што укажуваат аналитичарите, сега покрива повеќе од 40 проценти од глобалниот пазар за паметни часовници и безжични слушалки. Додека го зголеми опсегот на своите услуги од филмови до кредитни картички.
Секторот за услуги на Apple, што Кук го промовираше, заработи 13,2 милијарди американски долари само во последниот квартал, а инвеститорите очекуваат натамошен значителен раст.
По првите 1.000 брзо и вторите 1.000
На „Apple“ му биле потребни 42 години за да достигне вредност од илјада милијарди американски долари. Но, му требале само две години да достигне 2.000 милијарди американски долари, пишува „The New York Times“. И нагласува дека особено е зачудувачки што вториот прилив од 1.000 милијарди долари бил постигнат во последните 21 недела. Период кога глобалната економија се намалува побрзо од кога било како резултат на пандемијата.
Доаѓањето на новиот рекорд ја зацементира титулата на Apple на берзите во светот како највредна компанија. Пандемијата е погодна за технолошките гиганти, се наведува во весникот.
Во средината на март, вредноста на „Apple“ беше под илјада милијарди долари, бидејќи цените на акциите паднаа поради стравувањата од коронавирусот. Но, по агресивните мерки на Федералните резерви за смирување на инвеститорите, берзите се зголемија. Особено акциите на Apple, Microsoft, Amazon, Alphabet и Facebook.
Технолошките гиганти, засолниште од рецесијата
Еден од најголемите индекси на Њујоршката берза, S&P 500, на 18-ти август постигна нов рекорд, објави „New York Times“, додавајќи дека инвеститорите вложиле милијарди долари во технолошките гиганти, обложувајќи се дека ќе бидат засолниште од пандемската рецесија.
Вредноста на овие пет компании се зголеми за скоро 3.000 милијарди американски долари од 23 март. Тоа е речиси исто колку што пораснаа 50 – те највредни компании во индексот S&P 500. Вклучително и гиганти како Волмарт и Дизни. Само вредноста на Apple се зголеми за околу 6,8 милијарди долари дневно, што е повеќе од вкупната пазарна вредност на American Airlines.
Брзиот раст на „Apple“ до 2.000 милијарди американски долари, според оценка на „New York Times, е особено зачудувачки бидејќи компанијата не сторила многу во последните две години. Сепак, со разбирање за тоа како луѓето комуницираат, се забавуваат и купуваат, бизнисот на компанијата дополнително се засилува со пандемија. Причина што ги принуди луѓето да работат, учат и да се дружат преку интернет.
Проширување на клубот„ 2.000 милијарди долари“
Се поголемото потпирање на технологијата го наведува растот на „Apple“ и на другите големи интернет компании како „Амазон“. Но,од друга страна тие создаваат јаз меѓу технолошката индустрија и другите сектори како енергијата и патувањата кои среде пандемијата се соочуваат со опаѓање на побарувачката и банкротите, пишува „The Wall Street Journal“.
Технолошкиот сектор е еден од неколкуте што се очекува да продолжи да расте и во наредните години, привлекувајќи големи и мали инвеститори, се вели во весникот.
Според, аналитичарите, во клубот од 2000 милијарди американски долари, на Apple може да му се придружат и други технолошки гиганти.
Растот на е-трговијата и klaud услугите ги доведе Амазон и Мајкрософт на околу 1.600 милијарди долари. Alphabet на околу илјада милијарди долари, додека пазарната вредност на Фејсбук е околу 750 милијарди долари.
На крајот на јули, овие пет најголеми американски компании учествуваа со 25 проценти од вкупната вредност на компаниите во индексот S&P 500. Додека пред четири години тоа беше 12 отсто.
Wall Street Journal подвлекува дека нивниот раст илустрира дека берзите се на рекордно ниво, додека многу сектори и пошироката економија се борат за опстанок.
Технолошката доминација е исто така под зголемено регулаторно внимание, од што инвеститорите стравуваат дека може да се запре бумот во овој сектор. Кон крајот на јули, американските конгресмени ги испрашуваа Кук и газдите на „Амазон“, „Фејсбук“ и „Алфабет“ за нивните деловни практики и доминантна позиција.
„Apple“ е основана во 1976 година како производител на компјутери. По лошото работење во 90-тите години, Apple ги претстави iPod, iPhone и iPad. Тоа му помогна да стане најголемата компанија во САД во 2011 година. Период, кога го собори нафтениот гигант „Exxon Mobile Corp“. Стив Џонс почина четири месеци подоцна, но компанијата продолжи да расте под водство на „Кук“. Пазарната вредност на „ Apple “ сега е околу 11 пати поголема од вредноста на „ Exxon Mobile Corpa“.
По две тешки години
„Apple“ оствари историски резултат на Вол Стрит, бидејќи компанијата ја прошири својата понуда со нови производи и услуги користејќи база од околу 1,5 милијарди активни уреди за да генерира дополнителни фиксни приходи. Но, според „Блумберг“, последните две години не биле лесни за компанијата од калифорнискиот град Купертино.
Директорот,Тим Кук (Tim Cook ) морал да маневрира во трговската војна меѓу САД и Кина каде се склопуваат повеќето уреди на „Apple“, сè додека компанијата не го исполнила планот за продажба во 2019 година. Тоа било, за прв пат по скоро две децении, посочува Блумберг. Тој додава дека продавницата за апликации на „ Apple “ е под критика од регулаторите и другите компании и програмери кои се жалат дека им наплаќа големи такси и ги ограничува апликациите на трети страни заради неговата понуда.
Кук повеќето од предизвиците добро ги решил, оценува Блумберг. Тој успеал да одговори на американскиот претседател за воведувањето големи тарифи на клучните производи како што е iPhone. А исто така и соработувал со администрацијата за да го задржи производството на компјутерите, Mac Pro во Тексас.
Иако „ Apple“ лансираше нови дигитални услуги минатата година, ниедна од нив немаше импресивен старт. А, вложените милијарди долари за видео стриминг сервисот, допрва треба да донесат приходи. Сепак, посочува Блумберг, инвеститорите и аналитичарите се оптимисти дека новите услуги на крајот ќе бидат успешни. Додека новите уреди треба да им дадат на корисниците дополнителна врска со „ Apple“.
Зголемувањето на бројот на уреди и услуги со претплата е уште една причина да останеме со понудата на Apple. Тоа е особено привлечно за инвеститорите кои бараат работа со стабилно создавање приходи.
Растот на вредноста на акциите допринесе за поделба на дивидендите и откупот на акции, што привлекоа нови големи инвеститори. Додека, според Блумберг, очекуваната поделба на постојните акции на четири дела (од една акција ќе се создадат четири акции со четири пати помала вредност) ќе биде од интерес за помалите инвеститори и за обичниот свет.
Проклетство или благослов?
Само две недели откако раководителите на најголемите технолошки компании во американскиот Конгрес нагласија дека тие не се премногу моќни, „ Apple “ достигна вредност што несомнено покажува дека е една од најмоќните компании во светот, пишува „Тајмс“.
Вол Стрит беше запрепастен кога резултатите од третиот квартал на „Apple“ покажаа дека и покрај затворањето на продавниците и ненадејната рецесија низ целиот свет, продажбата на Apple цветаше.
Раст е постигнат во секоја категорија и во секој регион, истакнува „Тајмс“. Воедно истакнувајќи дека технологијата никогаш не била поважна отколку што е сега. Бидејќи луѓето сè повеќе се затворени во своите домови и се принудени да се потпираат на мрежни услуги.
Многу аналитичари посочуваат дека екосистемот на „Apple“ е клучот за неговиот успех. Зошто, на пример, да купите паметен часовник „Гармин“ кога, тој не може да се поврзе на iPhone, како што може „Apple Watch“, наведува весникот. При тоа, истакнувајќи дека сите уреди на „Apple“ лесно се поврзуваат едни со други.
Сепак, успехот на „Apple “ би можел да биде почеток на неговиот пад, истакнува „Тајмс“. Затоа што, како што наведува медиумот, системот на компанијата започнува да иритира многумина. Од регулаторите до други компании, кои се повеќе се бунат што „ Apple “ зема 30 проценти од купувањето на нивните апликации.
Вредноста од 2.000 долари, на крајот, според лондонскиот весник, би можела да биде проклетство, а не благослов. Бидејќи регулаторите разгледуваат дали треба да и се дозволи на секоја компанија да биде толку голема.
Извор:RSE