ПОВЕЌЕ

    БРЕИНСТЕР ЈА ЛАНСИРА НОВАТА ПРОГРАМА ЗА АИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ – за да ги подготви студентите за професиите на иднината, Петар Ниновски во New Biz podcast

    Време зa читање: 6 минути

    Вештачката интелигенција стана сè поважна алатка во многу области од нашиот живот, вклучувајќи го и образованието. АИ расте со потенцијал масовно да го промени обликот на образовниот сектор.

    Во новата епизода на поткастот New Biz со Наташа Велковска, Петар Ниновски основач на Бреинстер говори за тоа дека ако како држава ги насочиме стратешките одлуки да ги потикнеме компаниите да развиваат вештачка интелигенција, да ги поттикнеме образовните институции да продуцираат таленти кои ќе работат во вештачка интелигенција тогаш ќе бидеме рамо до рамо со развиентите земји, бидејќи во наредниве 15 – 20 години вештачката интелигенција е таа што ќе ни се случува.

    „Од страна на образовна институција гледам огромна можност, но и одговорност да произведеме армија на таленти што ќе учи и знае за вештачката интелигенција што ќе биде конкурентна за талентите кои ќе доаѓааат од западните земји. Ние пред две години кога ја правевме стратегијата за вештачка интелигенција во четири компоненти ја интегриравме:

    1. Користење на вештачка интелигенција за да се автоматизираат најважните процеси со цел да се намалат загубите во активности кои не додаваат никаква вредност, за да може да се ослободи повеќе време и да се фокусираме на тие работи што додаваат вредност.
    2. Треба да бидеме сигурни дека сите тимови во организацијата ќе почнат да користат АИ во секојдневната работа со цел да можеме да произведеме повеќе вредности.
    3. Ова е многу важна компонента и за другите компании – е да видиме не само како можеме да ја користиме АИ во тековните процеси, туку да видиме какви нови можности ни отвора вештачката интелигенција за нови процеси, за нови услуги, за нови сервиси, за да зголемиме вредност што ја даваме на клиентите за нови бизнис модели, нови бизниси итн.
    4. Како образовна инсититуција да бидеме сигурни дека сите програми што ги нудиме ќе бидат апдејтирани програми што ќе ги вклучуваат најновите технологии“, истакнува Ниновски.

    КАКО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГО МЕНУВА ОБРАЗОВАНИЕТО и отвора можности за нови генерации на студенти – Петар Ниновски во New Biz podcast

    Конкретно во Лондон веќе се работи на училиште кое е комплетно АИ – нема наставници, нема процедура, целиот процес се одвива и се персонализира во зависност од учениците коишто ги слушаат конкретните курсеви. Курикулумот е наменет со цел да се истражува и да се менува во согласност со развојот и напредокот на учениците/студентите и во такви услови се зборува дека ќе се изгуби моментот на менторството, ќе се пензонираат наставниците, професорите ќе изгубат работни места. Како Ниновски гледа на сето ова, како ќе се интегрира и ќе еволуира образовниот процес токму поради оваа промена? „Розевото сценарио е дека се ќе биде во ред. Реалното сценарио е дека повторно се ќе биде во ред, меѓутоа мора да направиме одредени промени кај нас за навистина да биде се во ред односно мора да ги научиме вештините кои ќе не позиционираат стратешки за да биде се во ред понатаму, бидејќи свесни сме дека со сите овие промени дел од вештините и професиите секако дека ќе се изгубат, меѓутоа нови професии, нови вештини ќе бидат потребни, таа е реалноста. Меѓутоа луѓето се плашат, не сакаат промени, ни јас лично не сакам и ни станува непријатно кога се случуваат промени, меѓутоа мора да се поцизионираме стратешки како луѓе да ги дочекаме овие промени. И ако сме меѓу првите коишто ќе ги преземеме овие чекори, ќе бидеме во компетитивна предност со останатите“, посочува Ниновски.

    Во образование како сето тоа ќе се интегрира, според него ќе биде комбинација на офлајн на физичка локација и онлајн, во наредниве години да речеме 10 години, вели тој, најверојатно ќе биде професорот да користи алатки за вештачка интелигенција за да може да даде уште поголема предност на студентите, ќе користи алатки за траскрипција, за прегледување на домашни, за правење на тестови, за правење на презентации итн. „ Понатаму сигурно ќе се случи да дојде период каде што нема да биде професор кој користи вештачка интелигенција, туку ќе биде професорот-човек и вештачката интелигенција, каде што вештачката интелигенција ќе може дел од работите да ги дава на студентите, а дел секако ќе остане кај професорот. Најважното што треба според мене образовната институција е кои вештини треба да ги знаат луѓето, да бидеме паметни и агилни тука како образовни институции да бидеме сигурни дека вештините што ги учат сега нашите студенти се потребни сега и ќе бидат потребни во наредните години“, воочува Ниновски.

    Како што вели тој, неформалното образование полесно се адаптира, формалното има правило дека на 4 или 5 години треба да се реакредитира програмата, според него треба на секоја година да се акредитира, тоа не е во нивна полза, но е во полза на студентите.

    „Ние како образовна инситуција треба да најдеме начин како секоја година ќе ја реобновуваме таа акредитација. Ќе ги земаме новите информации што ги имаме од компаниите и индустријата и ќе ги имплементираме во образовните програми. Така што најголемата промена во следниве 10 години ја гледам да бидеме најагилни што може како институции, да бидеме сигурни дека вештините што ги предаваме на студентите се вештини кои денеска се бараат на пазарот на труд“, вели Ниновски.

    Но, дали младите денес сакаат да учат? Според  Ниновски – да! Но дали сакаат да започнат сопствен бизнис? Тука бројките се помали. Токму затоа

    „Мислам дека има желба за учење кај младите, особено што ние мораме да придонесеме за да ја зголемиме таа желба за учење, има методологии, начини како да се мотивираат студентите да направат работи што се добри за нив, повеќе да се посветат на учење на работа. Од друга страна, методологијата на работење кај студентите мора да се промени со цел да ги поттикнеме повеќе да учат и работат. Една друга работа мене ме загрижува и пробуваме тоа да го мотивираме кај луѓето и младите, нема многу млади во моментов кои сакаат да започнат свој бизнис, според мене барем 10-20 отсто од луѓето што доаѓаат кај нас, очекуваме кога ќе завршат факултет да не бараат вработување, туку за време на академија, за време на факултет да започнат сопствен бизнис. И сега правиме една експериментална програма во која нвестираме многу време, многу пари, многу ресурси. Всушност тоа ќе биде првата практична АИ-програма која што ќе трае шест месеци, меѓутоа четвртиот месец се разделува на две траки, едната трака е луѓе кои ќе се обучат со практични вештини и со вештачка интелигенција да станат АИ – имплементатори, АИ-програмери, АИ-консултанти, а другата трака е АИ-претприемачи – ова ќе биде идеална програма да создаде 200-300 АИ-прептприемачи.

    Многу е едноставен концептот, 30 луѓе завршуваат на програмата, од нив очекуваме 10-15 да сакаат да станат АИ-претприемачи, тие развиваат свои идеи додека се на програмата, од тие 10тина еден добива инвестиција, па да видиме што ќе се случи со останатите, што ќе бидат истфрустрирани и како ќе ни покажат дека под наводници сме згрешиле“, раскажува Ниновски.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично