ПОВЕЌЕ

    ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија

    Време зa читање: 3 минути

    Вложувања во обновлива енергија, останува да биде еден од главните приоритети на стратегијата за општествена одговорност на ОКТА. Денес беше пуштена во употреба новата фотоволтаична централа во Гевгелија, која е поставена на кровот на градинката „Детска радост“. Ова е петта донација на ОКТА во фотоволтаични системи кои се поставени на училишта и градинки во повеќе градови низ земјава во изминативе две години.

    Инсталираната моќност на фотоволтаичната централа во Гевгелија изнесува 31.05 kW, а се предвидува годишното производство на обновлива енергија да изнесува и до 39 MWh. Новата централа ќе овозможи значаен дел од потребите за електрична енергија на градинката да се обезбедат од обновливи извори, придонесувајќи за намалување на CO₂ емисиите за приближно 18.4 тони годишно.

    „Одржлива иднина за идните поколенија е наша заедничка цел, а најголем придонес кон нејзиното остварување се инвестициите во зелена енергија. Веруваме дека со оваа донација оставаме позитивен пример за целата заедницата, бидејќи придобивките се повеќекратни. Покрај постигнувањето на значителни заштеди на трошоците за електрична енергија на градинката, овој проект истовремено ќе овозможи запознавање на децата од најрана возраст со принципите на одржливост и одговорност за животната средина. Нашата компанија останува посветена кон имплементација на проекти кои ќе придонесат кон забрзување на енергетската транзиција на земјата“, истакна Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА.

    Градинката во Гевгелија ја посетуваат околу 260 деца од предучилишна возраст. Гевгелија е град со многу сончеви денови, а преку оваа донација општината ќе ги намали трошоците за енергија и ќе може да ги зајакне инвестициите во други витални области кои ќе придонесат за подигнување на квалитетот на животот.

    „Сведоци сме дека енергијата во изминатите неколку години станува сѐ поскапа, а тоа го отежнува развојот на локално ниво, бидејќи голем дел од општинскиот буџет се троши за оваа намена. Изнаоѓањето на долгорочно решение како што е поголемата употреба на обновливата енергија е од витално значење. Имено, тоа ќе ни овозможи чиста животна средина и развој на други проекти кои ќе обезбедат поголема одржливост, за што од клучно значење е  соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор“, истакна Андон Сарамандов, градоначалник на општината Гевгелија.

    Од најавените донации за оваа година во делот на обновливи извори на енергија, останува да се реализира проектот на фотонапонска централа во спортскиот центар Марко Божиновски во општината Аеродром, во Скопје.

    Почнувајќи од 2018 година, ОКТА континуирано инвестира на пазарот на зелена енергија, диверзифицирајќи го деловното портфолио, со фокус на обновлива енергија, во соработка со своите деловни партнери. Досега компанијата има инсталирано пет фотоволтаични кровни системи на објекти на своите деловни партнери со вкупен капацитет од 611 kW. Покрај овие проекти, ОКТА е во завршна фаза на реализација на инвестицијата во сопствена фотонапонска централа со капацитет од 12 MW, со што значително ќе го зголеми обемот на зелена енергија во своето портфолио.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично