ПОВЕЌЕ

    На Исланд жените денес штрајкуваат за родова еднаквост, им се придружи и премиерката Јакобсдотир

    Време зa читање: 2 минути

    Десетици илјади жени во Исланд, вклучително и премиерката Катрин Јакобсдотир, денес се вклучени во штрајк во целата држава. Исланд е рангирана за најдобра земја во светот за родова еднаквост од страна на Светскиот економски форум (СЕФ) веќе 14 години по ред. Но, земјата не е целосно рамноправна, при што СЕФ и додели вкупен резултат од 91,2%. Овој северен вулкански остров, кој е една од најретко населените земји, е рангиран на 14-тото место во светот по економско учество, под земјите како Либерија, Јамајка и Норвешка.

    Планираниот прекин на работа е првиот целодневен штрајк на жените од 1975 година. Жените и небинарните луѓе беа повикани да одбијат платена и неплатена работа во вторник, вклучително и домашните обврски. „Квеннафри“, или слободен ден за жените, е свикан во знак на протест поради родовиот јаз во платите и родовото насилство. Посебно се погодени областите во кои жените го сочинуваат мнозинството работници, како што се здравството и образованието.

    Најавувајќи го своето учество на настанот, премиерката Катрин Јакобсдотир изјави дека очекува кабинетот на премиерот да престане со работа. „Прво и основно, изразувам солидарност со исландските жени“, рече таа. „Нема да работам овој ден, како што очекувам дека ќе работат и сите жени [во кабинетот]“, изјави премиерот на Исланд, г-ѓа Јакобсдотир за веб-страницата mbl.is пред протестот.

    Премиерката Јакобсдотир рече дека нејзината влада разгледува како се вреднуваат професиите во кои доминираат жени, во споредба со областите во кои традиционално доминираат мажи.

    Според Исландскиот синдикат на наставници, жените го сочинуваат мнозинството наставници на секое ниво на образовниот систем, вклучувајќи 94% од воспитувачките во градинките. Околу 80 отсто од работниците во Националната универзитетска болница на Исланд, најголемата во земјата, се жени.

    Околу 90% од женската работна сила во Исланд стапи на штрајк во 1975 година, сакајќи да ја истакне важноста на жените за економијата. Штрајкот го натера парламентот на земјата да донесе закон за еднакви плати следната година.

    Поранешниот исландски претседател Вигдис Финбогадотир изјави за Би-Би-Си во 2015 година дека штрајкот од 1975 година бил „првиот чекор за еманципација на жените во Исланд“, кој и го отворил патот да стане првата жена што е демократски избрана за шеф на држава во светот во 1980 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично