ПОВЕЌЕ

    Хрватите – европски шампиони за живеење со родителите после 30-тата

    Време зa читање: 3 минути

    Хрватска, Словачка, Грција и Бугарија се меѓу земјите на Европската унија во кои децата најдолго остануваат да живеат во родителскиот дом. Според најновите статистички податоци, во Европската унија, во 2022 година, во просек младите го напуштале домот на своите родители на 26,4 години, но таа возраст многу се разликувала од земја до земја, па младите најдолго живееле со своите родители во Хрватска, а младите од Скандинавските земји најрано ги напуштале родителските домови.

    Според вчера објавените податоци од европската статистичка агенција Еуростат, просечната возраст е највисока во Хрватска со 33,4 години, потоа Словачка со 30,8, Грција со 30,7, Бугарија и Шпанија со по 30,3 години, Малта со 30,1 и Италија на возраст од 30.

    Од друга страна, младите го напуштиле семејниот дом на просечна возраст помала од 23 години во Финска (21,3), Шведска (21,4), Данска (21,7) и Естонија (22,7).

    Во последните десет години, просечната возраст на која младите го напуштаат домот на своите родители е зголемена во 14 земји-членки на ЕУ, особено во Хрватска (плус 1,8 години), Грција (плус 1,7 години) и Шпанија (плус 1,6 години).

    Кога станува збор за полот, мажите останаа во родителскиот дом подолго од жените. Минатата година, во 2022 година, просечната возраст во ЕУ за мажите била 27,3 години, а за жените 25,4 години.

    Во девет земји синовите си заминале од дома дури по 30-годишна возраст – Хрватска, Бугарија, Грција, Словачка, Шпанија, Италија, Малта, Словенија и Португалија.

    Според една друга статистичка карта, објавена на крајот на 2022 на истава тема, кога се мереше колкав процент од младото население се уште живее со родителите од сите европски земји, Хрватска повторно се најде на самиот врв повторно на самиот врв. Оваа статистика покажа дека дури 80% од младите до навршени 30 години остануваат да живеат со родителите, додека во соседна Унгарија 53% од младите живеат со своите родители, а во Словенија 58%. Србија има нешто помал процент од Хрватска – 76%, додека Црна Гора е подобра од Хрватска за само еден процентен поен, таму младите до 30 години живеат во процент од 79%. Македонија на оваа карта е, исто така високо позиционирана – 71% од нејзината младина живее со родителите до навршена 30 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично