Малиот грчки остров Липси може да се пофали со ретката привилегија – тоа е веројатно единствената морска туристичка атракција во Грција на која плажите не ѝ се окупирани од лежалки и бич барови, спасувајќи ја на тој начин уникатната убавина на пејсажот на Липси од комерцијализацијата на плажите, против која се побунува се поголем број на грчки граѓани.
Гневот против окупираните плажи и злоупотребите на јавниот простор од страна на локалните претприемачи во главните грчки туристички дестинации, преточен во движење наречено „Да си ги вратиме плажите“, предводен од жителите на островот Парос, набргу прерасна во таканаречена „пешкир-револуција“ од незадоволните локални жители против алчните сопственици на барови на плажа кои не дозволуваат простор на камчињата и песокот на плажите во Грција со тоа што ги натрупуваат со лежалки. Ја мобилизираше државата, како и жителите и посетителите на другите острови, како што се Наксос и Крит, пишува грчки Катимерини.
Државата почна да врши поригорозни инспекции, а владата изјави дека има намера да ги зајакне овие механизми за да можат да утврдат дали бизнисите ги почитуваат условите од договорите за лизинг што ги потпишале со грчката држава. Тоа е, се разбира, доколку сопствениците на баровите имаат договори, бидејќи во многу случаи, како што беше случајот со плажата Санта Марија и нејзиниот помал сосед Микри Санта Марија на Парос, кои и беа причина за стартот на протестите, повеќе од 2.500 метри плажа беа преземени од три бизниси целосно незаконски.
Но, еве како Липси усеа да остане туристичка дестинација без окупирани плажи. „Како општинска власт никогаш со години не дозволивме да постојат чадори и лежалки на плажите. А тоа го направивме затоа што нашиот остров е мал“, рече градоначалникот на Липси, Фотис Магос и додава: „Геоморфологијата на плажите не ви дозволува да поставите ниту неколку лежалки, а исто така многу добро знаеме дека правото што им го давате на некои бизнисмени секогаш се заобиколува“, додаде тој.
Тој за ЕРТ објасни дека секоја година Службата за недвижности бара писмено од нив да ги известат дали тие, Општината, сакаат да им дозволат користење на плажите на приватни лица за поставување седишта, чадори и сл. „Ние секогаш одговараме негативно дека не сакаме имотот да дава право нам, пак, на претприемачи, и така завршува“, додаде тој.
Прашањето што произлегува од овие случувања останува од витално значење: доколку граѓанското движење не ги преземеше работите во свои раце и прашањето не добиеше толку широк публицитет, дали ќе беше преземено нешто за да се запрат овие прекршувања? На пример, на Миконос, напад во мафијашки стил врз археолог ги поттикна инспекциите што доведоа до уривање на нелегални објекти. Дали ова ни кажува дека државните служби ќе останат неактивни – честопати провокативно – сè додека центарот на вниманието не падне на овие прекршувања?
Сите знаат дека длабоката држава со текот на годините стана посилна и позацврстена, стана побезобразна и е подготвена да ги употреби сите средства што и се на располагање за да ја одржи таа позиција на моќ, нагласува едиторијалот на Катимерини, посочувајќи на важната улога на активните граѓани, на оние кои знаат кои се нивните права и обврски.
Но, ниедна експлозија на огорченост за плажите – колку и да е оправдана – не е доволна за да се одржи борбата. Резултатот ќе биде минлив и ќе ги чини прекршителите многу малку на крајот од денот. Катимерини го наведува примерот на еден универзитетскиот професор кој, откако самиот доживеал непријатно лично искуство на плажа во Кавала во северна Грција, поднел официјална жалба поднесена до Управата за транспарентност, барајќи од државата да превземе акција.
Грчкиот закон не ги признава приватните плажи. Сепак, според извештајот на грчкиот јавен радиодифузер, околу 80 отсто од плажата Фаласарна на Крит – која се смета за една од најубавите во светот и дел од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 – е ефективно оградена од приватни бизниси кои работат без дозволи. Казните со кои се соочуваат изнесуваат приближно половина дневна заработувачка, што според критичарите е премногу ниско за да дејствува како пречка.
Во мај, Врховниот суд на Грција испратил меморандум до обвинителите во кој повтори дека останува нелегално да се блокира пристапот до јавните плажи и дека оние што ги прекршуваат правилата треба да бидат санкционирани.