За напорите да се зачува животната средина преку инвестиции во осовременување на производството, скопски „Макстил“ е добитник на наградата за зелена агенда што и ја додели Стопанската комора.
Компанијата поседува елетропечка, од која се добива течен односно „зелен челик“. Всушност, тоа е целосно во согласност со препораките на глобално ниво, кои се однесуваат на металната, односно на тешката индустрија, според кои електропечката е оптималното решение преку кое се доажа до „зелениот челик.
Со тоа, „Макстил“ е чекор пред други челичарници, чие производство се уште се заснова на железната руда и пред кои стои предизвикот за адаптација на производниот процес кон современите текови. Во кои, од огромно значење е заштитата на луѓето и природата.
Исто така, компанијата ја заслужи наградата од СКСМ и поради реализираната голема инвестиција во системот за отпрашување во челичарницата, со чија помош повеќе не влијаат врз загадувањето воздухот е елиминирано. Конкретно, тоа е многу пониско од законски пропишаните минимални вредности.
Стремежите на „Макстил“ се за неколку години да се дојде до точката кога ќе се трансфрмира во компанија со „нула отпад“. Што значи искористување на нус-производите во процесот на добивање готови производи.
Поради сето ова, „Макстил“ е изборот на Управниот одбор на Стопанската комора за наградата за зелена агенда.
Коморската делегација составена од потпретседателот Зоран Јовановски, оперативната директортка Билјана Пеева-Ѓуриќ и проект менаџерот Михајло Донев, и ја врачи наградата на генералната директорка на „Макстил“, Марија Дуковска Павловска.
Стопанската комора додели награди во неколку категории, како дел од одбележувањето 101 година од своето постоење. Вековното опстојување е потврда за значењето на СКСМ, која денес е модерна водечка бизнис асоцијација на домашен терен, но и во регионот, партнер на државата и сервис на компаниите.
Добивање на течен челик, препораките на глобално ниво за да се има „зелен челик“ е производството во електропечка, а тоа е еден од главните „адути“ на компанијата Макстил, а што истовремено е тенденција за остварување на голем број челичарници кои работат со железна руда.
Процесот на прилагодување на начинот на производство кој е пред многумина од производителите, Макстил успешно го применува веќе извесно време давајќи огромен придонес пред се во „зелената агенда“, поточно во зачувувањето на здравјето на луѓето и секако зачувувањето на животната средина.
Исто така, системот за отпрашување во челичарницата со чија помош влијанието врз загадувањето на воздухот е елиминирано, тоа е неспоредливо помало од законски пропишаните минимални вредности, како и од регулативата во Европската Унија. Во тој контекст се и последните квартални мерења на емисионите вредности на цврсти честички кои што покажуваат вредности помали од три до пет пати од пропишаните вредности.